На денешен ден е роден Брус Ли

„Испразни го умот, биди без форма, без облик – како водата“. Најпознатиот цитат на кунг-фу легендата Брус Ли не е само совет за потенцијалните боречки спортисти за тоа како вешто да ги избегнуваат противниците, туку важи и за филозофскиот поглед на светот.

Брус Ли е роден како Ли Џун-Фан на 27 ноември 1940-та година, во Сан Франциско. Идниот кунг-фу мајстор поголемиот дел од своето детство го поминал во Хонг Конг, каде што се појавил во неколку филмови како дете актер. Но, набрзо станало јасно дека неговите интереси не се ограничени само на глумата. Како тинејџер почнал да тренира боречки вештини и да танцува. Тој тренирал Винг Чун, кинеска боречка вештина.

На 18-годишна возраст се преселил во САД да студира. Таму предавал боречки вештини и развил свој стил на боречка вештина – Џит Кун До или во буквален превод „Патот на пресретнатата тупаница“. Концептот за самоодбрана се потпира на најголемата можна ефикасност во борбата и комбинира елементи од различни класични стилови.

Во исто време, Брус Ли се појавува во американски телевизиски серии и филмови, главно во мали улоги поврзани со боречки вештини. Дури кога се вратил во Хонг Конг ги добил своите први главни улоги во студиото Голден Харвест. Тој беше на врвот на својата светска слава кога неочекувано почина од церебрален едем, на 20 јули 1973 година, на само 32 години. Последниот филм објавен за време на неговиот живот беше „Патот на змејот“ (1972), додека „Во змејското гнездо“ беше завршен по неговата смрт во 1973 година – и двата станаа холивудски хитови.

Наследството на Ли вклучува и отворање на вратата за азиските актери во Холивуд. Тој беше првата азиско-американска холивудска ѕвезда која играше водечка улога во голем меѓународен филм. И покрај раната смрт, тој успеа да го отвори патот за идните генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни