На Божиќниот пазар во Виена уапсен вооружен маж

Полицијата во Виена открила гасен пиштол и полн шаржер кај еден осомничен на Божиќниот пазар во главниот град на Австрија.

Маж вооружен со пиштол предизвикал хаос во виенската општина Цимеринг, а полицијата успеала да го запре пијаниот маж.

Полицијата била повикана од сопственик на божиќна тезга околу 20 часот, откако забележал дека мажот под дејствоо на алкохол има огнено оружје.

Полициската патрола, која веќе минувала низ Божиќниот пазар, веднаш пристигнала на местото на инцидентот и врз основа на описот и бројните пријави успеала да го идентификува лицето. Меѓутоа, на мажот во тој момент не било видливо огнено оружје.

При претресот, виенската полиција под јакната на осомничениот пронашла футрола со гасен пиштол и наполнет магацин.

Очевидци пријавиле дека мажот повеќепати ја откопчувал јакната за да се пофали и намерно да покаже дека има оружје. Според изјавите на некои сведоци, немало реална закана.

На 39-годишниот Финец, кој бил пијан, му е привремено забрането да носи оружје и е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата го запленила гасниот пиштол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни