Сликата на Пабло Пикасо „Биста од жена“ на аукција во Келн е продадена за 3,4 милиони евра.
Според аукциската куќа „Ван Хам“, ова е првпат по 25 години да се продава слика од големиот шпански уметник во Германија.
Имено, на аукцијата на 5 јуни се очекувало сликата да се продаде за околу 2 милиони евра, но дадените понуди ги надминале сите очекувања. Наддавачот од Швајцарија, по телефон ја дал највисоката понуда од дури 3.4 милиони евра.
Аукциската куќа „Ван Хам“ ја прогласи за најуспешна аукција, со продадени дела од вкупно 13.9 милиони евра.
Ова дело покажува поместени перспективи типични за Пикасо, профилни и фронтални погледи кои се испреплетени. Бојата е сведена на жолти и сиви тонови.
Сликата од 1971-ва година ја прикажува втората жена на Пикасо, Жаклин Рок. Пикасо насликал вкупно 400 портрети од партнерката која била 46 години помлада од него.
Во каталогот пишува дека Жаклин била муза и љубовница на Пикасо, но и пожртвувана и сосема препуштена „помошничка, менаџерка и слугинка“ на сликарот.
„Посесивниот сликарски гениј барал безусловно самооткажување од жената, која од своја страна сосема го окупирала за себе и за неговата уметност“