Од партијата соопштија дека бараат да бидат ослободени приведените 15 лица, кои се членови и на партијата и на подмладокот.
„Додека геноцидот во Палестина продолжува, а Владата на Мицотакис, со својата толеранција и молчење, го поддржува воениот злосторник Нетанјаху, движењето за мир и за потребата од прекин на огнот стануваат сè посилни на меѓународно ниво и во нашата земја“, соопштија од партијата.
Од подмладокот на партијата објави видео на социјалните мрежи со пораката „Слобода за Палестина! Палестинското знаме се крева во секој агол на светот како симбол на слободата, достоинството и отпорот“.
Нова левица е дел од грчкиот Парламент, а парламентарната група ја формираа поранешни членови на СИРИЗА.