На 93 години почина актерот Џејмс Ерл Џонс од „Војна на ѕвездите“ и „Крал лав“

Кариерата на Џејмс траеше повеќе од шест децении.Тој ја освои наградата Тони во 1968 година за „Големата бела надеж“, а подоцна доби втората награда „Тони“ во 1987 година за неговиот настап во „Огради“ и наградата за животно дело од шоуто на Бродвеј . Има освоено Еми и Греми награди


Џонс починал во понеделникот, на 9 септември, во неговиот дом во округот Дачес, Њујорк, потврди неговиот претставник за медиуми. Кариерата на Џејмс траеше повеќе од шест децении. Тој го имаше своето деби на Бродвеј во 1957 година, откако претходно студираше медицина на колеџ и служеше во армијата на Соединетите држави за време на Корејската војна.

По филмот на Стенли Кјубрик од 1964 година „Д-р Стрејнџелав“, Џонс се повлече на кратко од екранот за да подоцна се врати на сцената, освојувајќи ја наградата Тони во 1968 година за „Големата бела надеж“. Џонс ја повтори својата улога во филмската адаптација на претставата, заработувајќи номинации за Оскар и Златен глобус.

Ѕвездата на „Доаѓање во Америка“ е една од ретките холивудски личности со посакуваната титула ЕГОТ. Тој ја доби втората награда „Тони“ во 1987 година за неговиот настап во „Огради“ и наградата за животно дело од шоуто на Бродвеј . Има освоено Еми и Греми награди.

Иако никогаш не добил конкурентен Оскар, тој беше почестен со специјален трофеј за животно дело од Оскарите во 2011 година.

Освен по неговата работа во театарот, Џонс беше најпознат по неговиот препознатлив глас. Тој го портретираше Муфаса во анимираниот Крал лав на Дизни и го даде гласот на Дарт Вејдер во оригиналната трилогија Star Wars. Актерот ги репризираше двете иконски улоги во „Кралот лав“ од 2019 година и во неколку продолженија на „Војна на ѕвездите“, вклучително и „Подемот на Скајвокер“. За Оби-Ван Кеноби од Дизни +, гласот на Џонс беше дигитално рекреиран.

Во интервјуто на Американскиот филмски институт, кое повторно се појави пред смртта на Џонс, нараторот на Клик откри дека му биле платени само 7.000 долари за првиот филм од „Војна на ѕвездите“. Џонс во интервјуто се сети дека чувствувал „среќа“ со улогата на Вејдер, додавајќи: „Мислев дека тоа се добри пари. И јас треба да бидам глас на филм!“

Најново

Последни колумни