На 9 декември 1979 година се искоренети големите сипаници

Светската здравствена организација на 9 декември пред 45 години објавила дека болеста наречена вариола вера или голема сипаница е искоренета од светот.

Вариола е вирусна болест која ги напаѓа само луѓето, а на човекот му е позната уште од античко време. Болеста започнува со висока температура, главоболка и болки во телото, а по неколку дена кај заболениот се појавуваат црвени дамки на кожата кои се полни со течност и подоцна стануваат красти. Осипот е вообичаен за лицето, рацете и за нозете.

Првата вакцина ја измислил англискиот лекар Едвард Џенер. Тој забележал дека девојките од неговото соседство кои работат со стока речиси никогаш не добиваат сипаници. Тоа го навело да заклучи дека овие девојки, токму поради тоа што биле изложени на сличен вирус (кравји сипаници), развиле имунитет на сипаници. Бргу потоа ја спровел својата теорија во пракса и со тоа не само што го спасил светот од сипаници, туку ги поставил и темелите на имунологијата. Интернационализмите „вакцинација“ и „вакцина“ потекнуваат токму од негово време, а зборот е создаден според латинскиот збор за крава – „vaca“.

Пред да се измсили вакцината, секое трето лице заразено со овој вирус починало, а во 17 и 18 век, големите сипаници однеле многу животи во неколку големи епидемии. Оваа болест беше неконтролирана во другите делови на светот до 1960-тите, кога СЗО започна серија кампањи за вакцинација, што сугерираше дека сме на работ на целосно искоренување на болеста. Последниот случај е забележан во Судан во 1977-ма година, а две години подоцна СЗО изјави дека болеста е минато.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни