На 6ти јуни во музичката историја: Вудсток, Сид Барет, Елтон Џон, Ролинг Стоунс

Photo: Andrew Whittuck/Redferns

2017 – Вудсток добива признание 48 години подоцна.
Музичкиот фестивал Вудсток во 1969 година беше официјално признаен за своето место во историјата кога демократскиот гувернер Ендрју Куомо објави дека Центарот за уметност во Бетел Вудс е ставен во Националниот регистар на историски места.

Додека бендот Сантана ја изведува „Soul Sacrifice“ во Вудсток 1969 година, гитаристот Карлос Сантана се гледа како прави чудни лица додека свири на својата гитара. Подоцна тој објаснил дека земал психоделична супстанца (ЛСД-25) пред настапот и ја видел својата гитара како опасна змија која се обидува да ја контролира со отсвируавање на правилните ноти. Сантана требале да изведуваат 7 саати покасно. Имајќи го тоа во предвид сите членови на бендот, како што бил редот на овој фестивал се спремиле да уживаат во психоделичниот вајб, патувајќи низ музиката на музичарите кои требале да свират пред нив. Кога дознале дека има промена во распоредот, им било кажано дека или сега ќе свират или никогаш. По тоа се случил еден од најмоќните перформанси произлезени од Вудсток.

1970 – Сид Барет
Сид Барет ја свирел својата прва свирка откако ги напуштил Пинк Флојд. Во Екстраваганза 70, во лондонската Олимпија Хол, Англија, поддржан од бенд во кој беше неговиот стар пријател од Флојд, гитаристот Дејвид Гилмар. Барет ја збунил публиката (и неговите музичари) кога нагло ја соблекол гитарата за време на концертот и излегол од сцената.

It’s awfully considerate of you to think of me here
And I’m most obliged to you for making it clear
That I’m not here
And I never knew the moon could be so big
And I never knew the moon could be so blue
And I’m grateful that you threw away my old shoes
And brought me here instead dressed in red
And I’m wondering who could be writing this song
I don’t care if the sun don’t shine
And I don’t care if nothing is mine
And I don’t care if I’m nervous with you
I’ll do my loving in the winter.

And the sea isn’t green
And I love the queen
And what exactly is a dream
And what exactly is a joke

-Последната песна која Сид ја напишал за бендот

Во друг сличен случај, кога уште бил дел од Пинк Флојд, требале да снимаат перформанс во живо за голема телевизиски канал(MTV). На Сид ова не му се допаѓало бидејќи било вон уметничката замисла која ја имал за бендот. Тој иако знаел совршено да свири на гитара, за време на пробите ги погодувал сите песни и не правел грешки, штом ќе почнеле да снимаат камерите само стоел и не свирел ништо, ова го повторувал се додека не се откажале сите.

1969 година – Елтон Џон
Елтон Џон го издаде својот деби албум Empty Sky во Англија, (објавен во јануари 1975 година во САД). „Skyline Pigeon“ е најпознатата песна на албумот и е единствената што Џон, иако ретко, ја изведува како дел од неговите емисии во живо.

Дивата страна на Елтон Џон 1973г Фото: Тери О’Нил/ Iconic Images

1965 – Ролинг Стоунс
Ролинг Стоунс го објавија синглот „(I Can’t Get No) Satisfaction“ во САД, што му го даде на бендот првиот број 1. Во Обединетото Кралство, (каде што беше објавена во август 1966 година), песната првично се пушташе само на пиратски радио станици бидејќи нејзините текстови се сметаа за премногу сексуално сугестивни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни