На 5 јули на платото пред Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи бесплатен концерт во чест на 200 години од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните светски композитори.
Концертот на плоштадот Мајка Тереза е закажан во 21 часот.
Ќе настапат Оркестарот на НОБ составен од 80 музичари под диригентство на Винсенз Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски. Тие ќе изведат репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Настанот се организира во соработка со Австриската амбасада во Скопје.
Од НОБ велат дека влезот е бесплатен, но регистрацијата е задолжителна на линкот.