На 45годишна возраст, прославената тенисерка Венус Вилијамс доби вајлд-карта за настап на Отвореното првенство на САД кое ќе се одржи овој месец во Њујорк.
Седумкратната освојувачка на гренд слем турнири направи изненадувачки камбек претходно ова лето по повеќе од една година пауза од тенисот
Вилијамс покажа дека сè уште може да се натпреварува откако ја победи американската тенисерка Пејтон Стернс во првото коло на Отвореното првенство на Вашингтон.
Сега, таа е на пат да стане најстарата тенисерка во поединечна конкуренција што ќе се натпреварува на „Флашинг Медоус“ по Рене Ричардс, на 47-годишна возраст во 1981 година.
Ова ќе биде 25-ти настап на Вилијамс на њујоршкиот главен турнир, 25 години откако првпат го освои во 2000 година.
Венус исто така е на списокот на учеснички за натпреварот во мешани двојки, заедно со уште една Американка, Рајли Опелка.
Сестрата на Вилијамс, Серена, која освои шест Отворени турнири на САД од нејзините 23 гренд слем титули, се пензионираше по турнирот во 2022 година.