На 30 септември скопскиот Градски парк станува најголемиот клуб под отворено небо, со 150 диџеи, исто толку миксови и многу активности и изненадувања во чест на 150 роденден на најпознатото светско пиво – Heineken.
Destination Good Times е името на настанот со кој Heineken ја крунисува својата глобална кампања, која го слави неговото богато наследство, но и неговата моќ да ги собере и обедини луѓето и да ги инспирира заедно да создадат радосни и незаборавни моменти… на еден или на друг начин.
Токму ова ќе биде и наша мисија на големата забава во Градски парк – да го споиме најдоброто од нашата клупска сцена и заеднички да ја пренесеме таа енергија до сите гости што се во потрага по незаборавни искуства.
Во духот на својата роденденска кампања, преку која истакнува дека не постои такво нешто како правилен изговор на неговото име, ниту, пак, правилен начин да се ужива во него сѐ додека го прави тоа за што е создаден, да ги собере на едно место луѓето што ти значат и со кои создаваш незаборавни искуства, Heineken ги спои најдобрите локални диџеи, почнувајќи од пионери и основоположници на електронската музика и клупската сцена, па сѐ до нови и млади имиња од новиот бран изведувачи.
„Конекцијата на Heineken со клупската сцена и воопшто со музиката е добро позната низ целиот свет, а и тука кај нас. Нашата цел како бренд е, и секогаш била, да бидеме дел од незаборавните моменти на луѓето, а тие, покрај Heineken, секогаш вклучуваат и добра музика. И затоа, за нашиот голем јубилеј – 150 години постоење, ги собравме 150-те најдобри DJ- и на една локација – Destination Good Times, кај езерцето во Градски парк. Ве очекуваме за заедно да ја направиме наголемата роденденска забава и заедно да создаваме незаборавни искуства!“, изјави Александар Радомировиќ, бренд менаџер за Heineken во Пивара Скопје.
Сѐ за програмата и за активностите можете да прочитате на официјалниот профил на „Инстаграм“ на овој линк.