Украински хакери објавија забранети снимки на 116 руски ТВ канали за загубите на Путин? (ВИДЕО)

На Денот на независноста на Украина, (24 август), 116 руски ТВ запоседнати од локални хакери прикажуваа видеа три часа за, како што е наведено, реалните загуби на руската армија и реалната ситуација на фронтот во војната против Украина, според украинските медиуми.

Видеото, кое ја прикажува кризата со гориво во Русија, недостигот на вода во деловите од регионот Донецк под руска контрола, украинските напади врз рафинериите за нафта и наводните руски воени загуби, беше емитувано истовремено на 116 телевизиски канали на Денот на независноста на Украина, според извор, објави Киев Индепендент.

„Поминаа три и пол години војна, а (рускиот претседател Владимир) Путин не освоил целосно ниту еден украински регион. Украина останува независна“, се тврди во видеото.

Како што изјавија за „Укринформ“ извори во Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, „локалните кибер партизани“ успеале да го хакнат рускиот провајдер „Бр. 3“ и одеднаш да емитуваат видео за реалните резултати од војната на Руската Федерација против Украина на 116 телевизиски канали.

Покрај тоа, кибер активистите успеале да им го блокираат пристапот на администраторите на провајдерот до серверите, што им го отежнало прекинувањето на емитувањето на снимките.

Како резултат на тоа, според „Укринформ“, најмалку 50.000 претплатници од Москва и други региони на Руската Федерација гледале снимки од експлозии во руски рафинерии за нафта и места за погребување на руски војници повеќе од три часа во текот на вечерниот ударен термин.

За оние кои не користат дигитална телевизија, емитувањето било дополнително обезбедено преку апликации од услугите Apple Store, Google Play и Smart TV, како и на други кабелски мрежи.

Како што објави „Укринформ“, експертите за сајбер безбедност на ГУР ја нападнаа групацијата компании „Филанко“, голем провајдер на интернет и услуги за хостирање што опслужува над 20.000 корисници, вклучувајќи ги „Билн“, „МГТС“, „24ТВ“ и руските агенции за спроведување на законот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни