На 11 години има коефициент на интелигенција од 162

Единаесетгодишно момче од Велика Британија е најновиот член на Менса со коефициент на интелигенција во топ 1% во светот.

Арјун се приклучил на Менса во јули, откако имал резултат од 162 на тестот за интелигенција, со што е во најдобрите 1% во светот.

„Изненаден сум од него. Сите во семејството сме многу горди“ вели неговиот татко Тарун Битал.

Арјун вели дека бил многу среќен и возбуден кога ги добил резултатите од Менса.

Менса во својата заедница припаѓа луѓе кои имаат резултат од тестот за коефициент на интелигенција што ги става во топ 2% од светската популација.

Арјун објаснува дека тој отсекогаш бил повеќе заинтересиран за документарни филмови отколку за цртани и дека сака да решава загатки и да се предизвикува себеси.

Негови омилени предмети на училиште му се математика и географија, но исто така сака и драма.

Неговиот татко вели дека Арјун отсекогаш имал добра меморија и брзо ги совладувал работите.

„Од пет години се интересираше за мапата на светот, ги знаеше сите знамиња, главни градови и ги знаеше и сите планети. Отсекогаш сакаше да учи и да се мотивира себеси“ вели таткото.

Арјун открива дека сакал да решава тестови за интелигенција со цел да се предизвика себеси, но и бидејќи му се забавни.

Рита, неговата мајка, открива дека Арјун сам се пријавил за тестот на Менса, откако претходно истражил кога и како може да го полага.

„Тој сам се мотивира, ние не го форсираме и не го викаме гениј. Тој е нормално дете, сака да игра игри на компјутер, како и сите други деца“ вели неговата мајка.

Извор: Би-Би-Си

Најново

Последни колумни