Најздравиот спорт допрва треба да се најде на Олимписки игри

Фото: Jensbn~commonswiki, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Најдобрата работа кај спортот е тоа што преку уживања и забава правите нешто добро за себе. И јасно е дека скоро сите спортови се здрави, но сепак за еден спорт се смета дека има најпозитивно влијание врз здравјето, а тоа е сквош.

Сквош е спорт со топче и рекет, кој се игра во затворен простор, а од бадминтон и тенис се разликува по тоа што нема мрежа. Наместо тоа, секој удар се игра од ѕид. Сквош обично играат двајца играчи, но не е невообичаено да се игра и во двојки, слично како во тенис.

Суштината на спортот е малото топче два пати да се одбие од подот пред противникот да го врати. Враќањето на топчето пред второто одбивање можеби не изгледа тешко на теренот со димензија од 9,75 на 6,4 метри, но топчињата за сквош се од каучук и брзо отскокнуваат, па со голема брзина се враќаат кон играчите, поради што ова е исцрпувачка игра.

Теренот за сквош е површина опкружена со четири ѕида. Подот е поделен на преден и заден дел, а задниот дел е поделен на лева и десна страна.

Сквош се игра на три добиени сетови, а сетот го добива играчот кој прв ќе освои 11 поени. Доколку резултатот е 10:10, тогаш сетот го добива оној кој прв ќе поведе со два поени разлика.

Пред секој удар топчето смее да падне најмногу еднаш на подот. Ударот мора да биде таков, топчето да не биде носено или два пати удрено со рекетот. Често во играта се случуваат и блиски  контакти меѓу натпреварувачите, поради што сквошот е динамичен.

Зошто е сквошот најздрав спорт?

Фото: Brisbane City Council, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Сквошот изби на првото место на листата на 10 најздрави спортоти на Форбс врз основа на резултатите во кардио издржливост, сила, издржливост на мускулите, флексибилност, потрошени калории за 30 минути и ризици од повреда.

Форбс консултирале водечки тренери и експерти за вежбање, од кои се барало да дадат оценка, а сквош ги добил најдобрите оценки за мускулна издржливост и потрошени калории и скоро совршени оценки за кардио издржливост.

Друга студија, спроведена од British Journal of Sports Medicine, оценува дека сквошот како спорт е најдобар за долговечност на човекот.

Според истражување на 80 илјади луѓе спроведено од 1994 до 2008 година, ризикот од смрт, од било која причина, е 47 отсто помал кај тие кои спортуваат со рекет, како сквош.

Сквошот е одличен спорт и за деца и за возрасни, а со станувањето подобар во спортот, така и вашиот тренинг станува поинтензивен.

За еден час играње сквош се согоруваат од 600 до 1000 калории, доволно да се анулира една мала пица.

А со согорувањето на калории се подобрува и кондицијата, се зајакнува срцето и се подобрува издржливост на белите дробови.

Освен физичките аспекти, сквошот е и ментален тренинг, бидејќи бара концентрација и ментални капацитети за предвидување на патот на топчето. Освен тоа, тој помага и за ослободување од стресот и напнатоста со удирање на топчето од ѕид.

Сквошот како спорт долги години се мачи да добие олимписко признание и да стане олимписки спорт. Федерациите за сквош четири пати беа одбивани Интернационалниот олимписки комитет, пред тој да биде одобрен за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Најново

Последни колумни