Најздравиот појадок во светот кој го консумираат долговечните луѓе

Во сите досегашни истражувања направени за тоа која е тајната на долговечноста, посветени се повеќе од  две децении на испитување на навиките што ги практикуваат поединци кои достигнуваат возраст од 100 или повеќе години,  а во во посебен фокус се нивните преференци во исхраната.

Во областа Никоја , во Костарика каде што најголем дел од населението доживува голема старост ,  потекнува и најздравиот појадок во светот.

Луѓето кои живеат во оваа област ,обично го започнуваат својот ден во 4:00 часот наутро. Нивната утринска рутина вклучува  палење на огнот на дрва во глинени печки, загревање на тавите за крчкање на грав и подготовка на тестото кое го подготвуваат на самиот оган со пепел од дрво.

Тестото го подготвуваат во форма на тортиљи кои убаво се печат на огнот.

Во меѓувреме, се прави мешавина од грав со кромид, црвени пиперки и други билки. Гравот поминува низ процес на бавно варење, за кој е потребен околу еден час , а потоа , гравот го комбинираат со ориз.

Што е она што го прави ова едноставно јадење толку здраво?

Пченкарните тортиљи, во кои се додаваат и јаткасти плодови  се извор на комплексни јаглени хидрати од цели зрна.

Пепелта од дрвото ги разградува клеточните ѕидови на пченката, правејќи го ниацинот (витамин Б кој игра улога во сигнализацијата на клетките и поправањето на ДНК) достапен и ослободувајќи ги амино киселините за телото да може да ги апсорбира.

Гравот , а особено црвениот  грав ги содржи истите антиоксидансина кои ги имаат и боровинките. Тие се богати, го чистат дебелото црево, го намалуваат крвниот притисок и го регулираат инсулинот, а се полни со фолати како што се калиум и витамин Б.

Комбинацијата на грав со ориз создава цел протеин, што значи дека со оваа комбинација ги внесувате сите потребни аминокиселини кои се неопходни.

Природниот антиоксидат – Чилерото, оди во комбинација со појадокот а во Коста Рика се подготвуваат со оцет, моркови и многу лути пиперки .Ова е пробиотик  кој поседува антиинфламаторни и антиканцерогени својства.

Вкупни трошоци за појадок: само 4 долари. Многу фер цена за откривање на тајните за долговечноста .

Овие здрави специјалитети е многу лесно да се приготват а во продолжение може да ги прочитате и деталните инструкции :

Тортиљи од пченкарно брашно  (Nixtamal Tortillas)

Никстамал се однесува на пченка која била натопена и делумно зготвена на  дрва . Ова ја ослободува аминокиселината ниацин во пченката, која помага да се намали лошиот холестерол и да се зголеми добриот холестерол.

Самата пченка е богата со растителни влакна, фолати и витамини Б и Ц. Можете да најдете пченкарно брашно од никстамал во продавниците за здрава храна .

Вкупно време за подготовка: 15 минути

Состојки:

2 чаши пченкарно брашно

1/4 лажичка сода бикарбона

1 1/2 чаши топла вода (повеќе по потреба)

Начин на подготовка :

Во голем сад измешајте го брашното со сода бикарбона

Додадете вода и мешајте додека не се формира меко тесто. Покријте со фолија и оставете го настрана пет минути.

На чиста, сува работна површина, нежно месете го тестото една минута. Поделете го на еднакви топчиња, секое со големина на мала слива. Од тестото направете мали кругови во форма на тортиљи. Поставете ги  решетка или поголема тава на силен оган.
Печете ги по 30 секунди од двете страни.

Префрлете ги на чиста кујнска крпа и нежно завиткајте. Послужете додека се топли.

Jose Guevara’s Gallo Pinto

Овој рецепт е на Хозе Гевара од Костарика кој во 2015 година имал  105 години. Овој рецепт е неговата верзија на костарикански ориз и грав, или гало пинто.

Генијалноста на кујната во Костарика е во способноста да се направи скромно јадење со грав толку вкусно што можете да го јадете секој ден. Многу Костариканци гравот го јадат за појадок, ручек и вечера.

Вкупно време за подготовка: 20 минути

Состојки:

1 1/2 лажици растително масло

1 кромид

1 чешне лук

2 лажици Вустершир сос

1 1/2 чаши варен грав (или една конзерва црвен грав )

3 чаши варен бел ориз со долго зрно

Сол и бибер (по избор)

1/2 авокадо, исечкано (по избор)

Чилеро лут сос (опционално гарнир)

Начин на подготовка :

Во голема тава загрејте масло на средна топлина. Додадете го кромидот и пржете додека не почне да омекнува, околу четири минути.

Додадете лук и гответе уште пет до седум минути или додека зеленчукот не порумени.

Додадете го гравот и Вустершир сосот, намалете ја топлината и измешајте. Гответе уште две до три минути.

Додадете ориз и измешајте да се соедини. Гответе и мешајте додека оризот и гравот не се рамномерно распоредени и загреани. Зачинете со сол и бибер.

Одозгора можете да комбинирате со авокадо .

Чорба од грав, компир и кромид

Црвениот грав, кој се наоѓа во речиси секој оброк од  на Никонијанците содржи важни флавоноиди кои ги има и во црвениот кромид и боровинките, и  исто така има и 10 пати повеќе антиоксиданси од еднаква порција портокали.

Овие оброци за кои се користи само еден сад за готвење се основни во кујните во Костарика. Лесни се за правење, богати со хранливи зеленчуци и зачини, а чинат помалку од 1 долар по порција. Богати се и обилни, а многу често служат како главен оброк во комбинација со пченкарни тортиљи или ориз.

Вкупно време на подготовка : 1 час

Состојки:

500 грама гарв

1 супа од зеленчук

1 тиква – исечкана на коцки

1/2 морков, излупен и исечен на коцки

3 црвени или жолти слатки пиперки, исечени на коцки

2 големи компири, излупени и исечени на коцки

1 мал кромид

2 чешниња лук

Сол и бибер (по избор)

Начин на подготовка :

Ставете го гравот во големо тенџере и додадете супа од зеленчук. Додадете вода, по потреба, за да го покриете гравот.Откако ќе зоврие водата , намалете ја температурата и гответе 25 минути на тивок оган .

Додадете ги и останатите состојки и измешајте . Варете уште околу 25 минути или додека гравот не омекне, повремено мешајќи за да не изгори.

Додадете сол и бибер по вкус пред сервирање. Комбинирајте го со тортиљи или ориз.

Најново

Последни колумни