Мајли Сајрус го освои најпрестижното Греми во нејзината кариера кога нејзиниот хит „Flowers“ беше награден за снимка на годината. Таа на овој важен настан се појави во впечатлива креација на брендот Maison Margiela а нејзнина фризура веќе е главна тема на социјалните мрежи.
Били Ајлиш речиси на секој настан се појавува во нејзиниот добро познат стил. Таа ретко ја воодушевува јавноста со своите модни комбинации, иако е една од најавтентичните личности на музичката сцена. Таа ја доби наградата за најдобра песна – „What Was I Made For?“.
Тејлор Свифт оваа година испиша историја со освојувањето на четвртото Греми за најдобар албум а со тоа го сруши рекордот по број на освоени Греми во оваа категорија.
Свифт за своето појавување избра бел фустан без прерамки со длабок шлиц на едната страна, а сето тоа го комплетираше со црни потпетици со отворени пети и долги елегантни ракавици.
Големо внимание привлече 43-годишната Кристина Агилера, која се појави во тесен фустан со набори. Агилера неодамна се пофали со значително намалување на тежината.
Таа претходно сподели како изгубила околу 20 килограми со текот на годините со ограничување на дневниот внес на храна на 1.600 калории .
Извор: https://edition.cnn.com/2024/02/05/style/red-carpet-grammys-2024-looks/index.html