Највисокиот висечки мост во светот се гради во планинска област, чини околу 270 милиони евра 

Во средината на минатиот месец, во југозападната кинеска провинција Гуижоу беше завршена изградбата на структурата на мостот кој ќе биде највисок во светот. Имено, последниот дел од челичната конструкција, тежок 215 тони, е прецизно поставен на 17-ти јануари. 

Овој висечки мост се гради над Големиот кањон Хуаџинг, на височина од 625 метри над површината на реката, што е и висина на двете Ајфелови кули. Мостот ќе биде долг 2.890 метри, а распонот на самиот висечки дел ќе биде долг 1.420 метри. Ова ќе биде највисокиот висечки мост во светот изграден во планинска област. Изградбата започна во 2022 година и треба да биде отворена за сообраќај оваа година. Работата ќе чини 280 милиони долари (269.419 милиони евра), а се очекува да го ревитализира овој дел од Кина, кој е претежно рурален. 

Ревитализацијата треба да значи и развој на туризмот, особено во сегментот на екстремните спортови. Дополнително, времето на патување низ кањонот ќе се намали за 70 минути.ReplyForward

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни