Тајгер Скај Тауер, Дубаи, кој се гради во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, планира да собори дури пет Гинисови рекорди – се претпоставува дека ќе биде највисокиот станбен облакодер во светот, кој би требало да го има највисокиот пентхаус, највисокиот „инфинити“ базен, дождовна шума и ролеркостер.
Иако Бурџ Калифа во Дубаи се смета за највисока зграда во светот, таа комбинира простори со различни намени, па титулата за највисок станбен облакодер моментално ја носи кулата Централ Парк во Њујорк, која се издига на височина од 472 метри.
Тајгер Скај Тауер би требало да биде уште поимпресивна градба – ќе има 122 ката и ќе биде висока 532 метри. Ќе го претставува врвот на луксузот и софистицираноста, велат инвеститорите Тајгер Пропертис, кои вложија милијарда долари во овој мегаломански проект.
Облакодерот би требало да го има највисокиот „инфинити“ базен кој ќе се издигне до височина од 447 метри, исто како дождовната шума што ќе биде изградена во внатрешноста на овој резиденцијален џин.
Дождовната шума ќе биде дом и на највисокиот ролеркостер, кој ќе нуди необичен поглед на зеленилото – меѓу облаците. На самиот врв на облакодерот треба да се наоѓа највисокиот пентхаус во светот.
Иако ресторанот ќе се наоѓа на самиот врв, тој е далеку од титулата највисок во светот. Таа титула сè уште ја држи Небесниот Јин во Шангај, кој е висок 556 метри.
Тигар Скај Тауер ќе се наоѓа во срцето на деловната област Бизнис Беј во Дубаи и е планирано да биде завршена кон крајот на 2029 година.