Една од најстарите женки пингвини во светот роди младенче. Прапрабабата Винди (30) и нејзиниот партнер Начо (4) станаа родители. Среќната вест на социјалните мрежи ја сподели зоолошката градина Њукеј во Корнвол, каде живее парот.
Винди ги изненади сите кога минатата сезона на парење се пареше со млад мажјак. Ниту разликата од 26 години не им била пречка, пишува Мирор.
Ова е прво бебе на Начу, а Винди стана мајка за прв пат во 1999 година. Оттогаш таа родила 23 потомци.
Фото: pexels