Најстариот крокодил на светот наполни 124 години

Хенри, најстариот крокодил на светот, наполни 124 години, а според ветеринарот, и покрај неговата возраст, неговата здравствена состојба е совршена, објавија денеска локалните медиуми.

Крокодилот, долг речиси пет метри и тежок 750 килограми, живее во Центарот за заштита на крокодили во Скотбург, Јужна Африка повеќе од три децении, пишува веб-страницата Ekstra Globo.

Хенри е роден на 16 декември 1900 година, а во текот на животот имал шест женски и, како што се проценува, зад себе оставил околу 10.000 потомци.

Се смета дека овој крокодил има и „мрачно“ минато, бидејќи се верува дека изел неколку деца од племето во Боцвана.

Тогаш членовите на оваа заедница побарале помош, а познатиот ловец на слонови Сер Хенри Нојман, по кој крокодилот го добил името, го фатил опасниот рептил.

После тоа, одлучено е крокодилот да не биде брутално убиен, туку остатокот од својот живот да го помине во Центарот за зачувување на крокодили во Јужна Африка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни