Најскапите 15 згради на светот

Постојат многу фактори кои придонесуваат за цената, од скапо земјиште до најсавремена технологија, безбедносни мерки, рециркулациони погонски системи, но и дизајнерски решенија

Не е секогаш лесно точно да се определи цената на зграда. Постојат многу фактори кои придонесуваат за цената, од скапо земјиште до најсавремена технологија, безбедносни мерки, рециркулациони погонски системи, но и дизајнерски решенија. Во последните неколку децении издигнале се бројни згради кои чиниле најмалку милијарда долари, пишува Business Insider.

Тие ги наведоа 15 најскапите.

1. Белажио, Лас Вегас: 1,6 милијарди долари (1998. година)
Првиот пат кога биле пуштени во работа фонтаните на Белажио, тоа било до тогаш најскапиот хотел на светот. Стив Вин направил хотел кој ќе привлече богати гости, снабдувајќи го со дизајнерски продавници, ексклузивни ресторани и слики од Ван Гог и Моне. Потрошил 40 милиони долари на фонтаните и 300 милиони долари на уметнички дела. На крајот платил еквивалентно 3,2 милијарди долари во денешни пари.
Има 3.900 соби, десетина ресторани и доволно казино простор за скоро три фудбалски терени. Неодамна бил продаден за повеќе од 4 милијарди долари.

2. Кралска болница Аделајд, Австралија: 2,1 милијарда долари (2017. година)
Болницата Ројал Аделајд е изградена да биде што поефикасна. Сензори и софистициран софтвер помагаат во автоматизацијата на греењето и ладењето, а на кровот има градина. Внатре се рециклира дел од енергијата која потоа се користи за греење. Прекумерната технологија го направи проектот скап, а проблемите со загадувањето на почвата доведоа до застој во работата.

3. Резиденција Антилја, Мумбај: од 1 до 2 милијарди долари (2010. година)
Изградена за милијардерот Мукеш Амбани и неговото семејство, 27-спратната резиденција се опишува како една од најскапите резиденции на светот. Амбани е шеф на конгломератот Reliance Industries и најбогат човек во Индија.

4. Шангајски облакодер, Шангај: 2,4 милијарди долари (2015. година)
Една од највисоките згради на светот, Шангајскиот облакодер со 128 спрата содржи бизнис простории, хотел и бројни видиковци. На 84-тиот спрат има базен. Лифтовите беа најбрзи на светот до 2017. година.

5. Венецијански Макао, Кина: 2,4 милијарди долари (2007. година)
Венецијански Макао е хотел и казино во Макао, Кина – структура од 39 спрата има 980.000 квадратни метри површина, и изградена е по примерот на сестринското казино-одморалиште во Лас Вегас.
Тоа е најголемото казино на светот, најголемиот хотел со една структура во Азија и десетта најголема зграда на светот по површина.

6. Вин Ризорт, Лас Вегас: 2,7 милијарди долари (2005. година)
Изграден неколку години по Белажио, познат по својот закривен облик, овој ризорт има повеќе од 2.700 соби, повеќе од 1.800 автоматски игри и ресторан со Мишелинска ѕвезда.
Наместо фонтаните, тука има езеро кое менува бои и жубори со музика на секои 30 минути.

7. Светски трговски центар 1, Њујорк: 3,8 милијарди долари (2014. година)
Обновениот комплекс Светски трговски центар беше контроверзен проект додека луѓето дебатираа како да се заменат Кулите близначки кои беа уништени во терористички напади на 11-ти септември.
На врвот на оваа зграда се наоѓаат бројни симболички карактеристики, а изведбата на безбедносни мерки ја зголемила цената.

8. Палаца на парламентот, Букурешт, Романија: 4,3 милијарди долари (1997. година)
Не само што изградбата чинела милијарди долари, туку работниците срушиле околу една петтина од градот, раселиле 40.000 жители и срушиле 20 цркви.
Внатрешноста содржи тонови мермер, кристали, кожен мебел и околу 250.000 квадратни метри тепиха.

9. Палаца на Емиратите, Абу Даби, ОАЕ: 3 милијарди долари (2005. година)
Хотелот Палаца на Емиратите се простира на повеќе од два милиона квадратни метри, но има само 394 соби, вклучувајќи неколку апартмани. Таваните се покриени со златни листови кои треба да се заменат секои неколку години, а лустерите се направени од кристали од Сваровски.

10. Космополите, Лас Вегас: 3,9 милијарди долари (2010. година)
Космополите има казино од 9.300 квадратни метри и 3.033 соби во две кули. Има и театар со 3.200 места и разни ресторани. Една од најпознатите знаменитости е троспратниот „The Chandelier Bar“ кој е покриен со два милиона кристали.

11. Епл Парк, Купертино, Калифорнија: 5 милијарди долари (2017. година)
Секој ја препознава оваа зграда – позната како вселенски брод или стаклена крофна, Епловата зграда во Купертино. Епл сакаше да изгради најдобра деловна зграда на светот, а со тек на време проектот станала сè поскапа.

12. Стадион СоФи, Инглвуд, Калифорнија: 5 милијарди долари (2020. година)
Два ЛА тима, Рамс и Чарџерс, го користат СоФи стадионот како свој дом. Може да смести повеќе од 70.000 навивачи. Проектот се одложил поради зголемени трошоци, смрт на двајца работници, лошо време и пандемијата на Ковид-19.

13. Марина Беј Сендс, Сингапур: 5,5 милијарди долари (2010. година)
Музеј, 270 продавници и ресторани, конгресен центар, лизгалиште, луксузен хотел и казино – сите овие се наоѓаат во три кулите на Марина Беј Сендс. На 57-миот спрат се наоѓа огромен инфинити базен со поглед на околината.

14. Абраж ал-Бејт, Мека, Саудиска Арабија: 15 милијарди долари (2012. година)
Саудиската влада изградила овој комплекс за да помогне при сместување на милиони муслимани кои годишно ја посетуваат Мека.

15. Хадсон Јарс, Њујорк: 25 милијарди долари (2020. година)
Ова е најголемиот проект за развој на приватни недвижности во историјата на САД. Десетини илјади луѓе работат, посетуваат и живеат во Хадсон Јарс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни