Книгите се неговиот прозорец кон светот

Најпозитивниот водител во етерот го открива неговиот топ 5 читачки список

Го знаеме од телевизиските екрани, со неговата позитивна енергија го бои утрото на неговите гледачи. Сака многу да чита книги и да гледа филмови. Спортува, вози параглајдер, вози велосипед, кајакари, се искачува по планини… Често патува, се дружи, комуницира со публиката и го живее животот со полн здив.

Кој друг ако не, Марко Марк од телевизиската екипа на ТВ Телма, како дел од Утринската програма.

Марко е голем читател уште од неговите најрани години. Чита различни жанрови и секогаш се труди од книгите да извлече по некоја порака која понатаму ќе му стане дел од животот.

За да ја работи неговата работа, односно да биде водител на Утринската програма, треба да има познавање од многу области, токму книгите тоа му го овозможуваат. А насмевката му ја овозможува неговиот поглед на светот и неговиот оптимизам и ведар дух.

Во продолжение, неговите препораки:

Никој од нас не може да остане рамнодушен на еден од најголемите трагични настани или ужаси во историјата човештвото или како многумина би го опишале како пеколот на земјата апропо Аушвиц, директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“, радикална реализација на идеите на нацизмот. Покрај бројните приказни за логорот една од најпотресителните која важи и до ден денешен е вистинитата приказна, базирана на искуството на преживеаната затвореничка од Аушвиц, Дита Краус, неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја сочува магијата на книгите за време на холокаустот. Моја прва препорака “Библиотекарката од Аушвиц” од Антонио Итурбе, настрана што ја имав честа и привилегијата да го запознаам авторот лично и да искреираме кусо интервју, оваа книга ќе биде врежана длабоко во срцето, книга која носи со себе неверојатна силна емоција.


Не залудно го носи епитетот една од најпознатите современи авторки. Светот на Сали Руни е посебен, оваа ирска романсиерка и раскажувачка, која се смета за една од најценетите автори од поновата генерација е секојпат бескомпромисна во нејзините приказни со неверојатните заплети во нив. Втора препорака, филозофска романтична драма со работен наслов “Прекрасен свету, каде си” четиво кое ќе ве обземе и кое се чита во еден здив.


Следната препорака доаѓа од светот на оние инспиративните, интроспективните, полна со лични приказни и разговори од неверојатната Опра Винфри (телевизискиот магнат) која важи за една од најхуманите човечки битија на планетата и реномирануот експерт за трауми и мозок Д-р Брус Пери. “Што ти се случило ?” – Суптилна, лична, восхитувачка книга каде тие двајца креираат една симбиоза за моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разбереме подобро и да ги надминеме ефектите од нашите минати животни поглавја како би можеле лесно да го разбереме нашето минато а со тоа полесно трасирајќи си го просторот околу, да го расчистиме патот, како да останеме агилни и прагмтични кон нашата иднина .


Следната препорака е едно од моите најомилени летни книжевни дела, не знам досега колкупати се имам “нахрането” од “Песто Паста – храна на љубовта” од Ентони Капела. Пред повеќе од дестина години книгата во едно лето ја имав прочитано неколку пати. Прекрасна кулинарска комедија со дузина недоразбирања, еден љубовен триаголник и прекрасната италијанска храна и кафе. Едноставно уживајте со ова четиво преку кое вистински ќе ја почувствувате италијанската култура.


За крај, најтопла препорака доаѓа исто така од еден од моите најомилени скандинавски шведски автори – Фредрик Бакман шведски писател, и буквално тој е автор за сите генерации и читатели. Речиси сите негови романи се проткаени со оригинален хумор и со искрена човечка трогателност. “Баба ми ве поздравува и ви се извинува” една неверојатна емотивна сторија која нуди одблиску една фасциннатна поврзанист полна љубов, топлина и комичност помеѓу внуката Елса и нејзината баба, приказна за животот и смртта и за едно од најважните човекови права а тоа е правото да се биде различен.

Неговиот избор на наслови е сигурно инспиративен колку што е и тој самиот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни