Најпосетуваните места во светот: Европска земја без конкуренција, дури 8.000 туристи по жител

Список на земји кои годишно ги посетуваат толку голем број посетители, што ве тераат што поскоро да се вратите во вашиот роден град.

Рим, полн со антички богатства, спектакуларен Исланд или посебна Барселона? Сите овие места бележат огромен интерес кај туристите. Сепак, толку голем број посетители често доведува до толпи кои можат да го расипат впечатокот и да ја направат турата непријатна. Ви претставуваме листа од 15-те најпосетувани дестинации во светот.

Брендот Go2Africa ја состави листата врз основа на односот на бројот на туристи кон локалното население. Според овој критериум, една европска земја се издвојува особено – Ватикан. Има само 882 жители, но годишно го посетуваат дури 6,8 милиони луѓе.

Ватикан, како седиште на Римокатоличката црква, привлекува туристи поради своето религиозно и историско значење. На второ место е Андора, која се наоѓа помеѓу Франција и Шпанија, со околу 82.000 жители и дури 9,6 милиони посетители годишно. Позната е по своите прекрасни планини и зимски спортови, а во просек има повеќе од 117 туристи по жител.

На трето место е Сан Марино, со 33.581 жители и 2 милиони туристи годишно, што значи дека има речиси 60 туристи по жител. Оваа мала земја нуди спектакуларни пејзажи, уникатна архитектура и вредни историски споменици.

Топ 15 најпосетувани дестинации:

  1. Ватикан
    Население: 882
    Туристи годишно: 6.800.000
  2. Андора
    Население: 81.938
    Туристи годишно: 9.600.000
  3. Сан Марино
    Население: 33.581
    Туристи годишно: 2.000.000
  4. Бахамите
    Население: 401.283
    Туристи годишно: 11.220.000
  5. Свети Китс и Невис
    Население: 46.843
    Туристи годишно: 875.085
  6. Антигва и Барбуда
    Население: 93.772
    Туристи годишно: 1.154.236
  7. Бахреин
    Население: 1.607.049
    Туристи годишно: 14.900.000
  8. Монако
    Население: 38.956
    Туристи годишно: 340.000
  9. Малта
    Население: 563.443
    Туристи годишно: 3.563.618
  10. Хонг Конг
    Население: 7.414.909
    Туристи годишно: 44.500.000
  11. Исланд
    Население: 393.396
    Туристи годишно: 2.287.341
  12. Хрватска
    Население: 3.875.325
    Туристи годишно: 21.300.000
  13. Барбадос
    Население: 282.467
    Туристи годишно: 1.520.740
  14. Швајцарија
    Население: 8.921.981
    Туристи годишно: 42.800.000
  15. Гренада
    Население: 117.081
    Туристи годишно: 504.000

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни