Најпосетената земја во светот се наоѓа во Европа: Ја посетуваат скоро 90 милиони туристи годишно

Најпосетената земја на планетата привлекува скоро 90 милиони туристи секоја година. Франција го зазема првото место на листата на земји што годишно ги посетуваат најмногу туристи, со 89,4 милиони посетители во текот на една година, известува Economy Middle East.

Оваа земја има дури 45 локации што се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО, а нејзиниот главен град, Париз, е еден од најпознатите градови во светот – не е изненадување што толку многу луѓе сакаат да го посетат.

Франција е позната по својата прекрасна природа, зачудувачките приморски градови и живописните урбани средини.

Според податоците на Statista, француската престолнина Париз во 2023 година ја посетиле скоро 30 милиони туристи – повеќе од третина од вкупниот број посетители во земјата.

Ако се земе предвид вкупниот број пристигнувања на туристи во Париз и регионот Ил-де-Франс (Île-de-France), бројката се искачува на приближно 48 милиони, наведува Statista.

Богатата историја на Франција, прекрасната архитектура и неверојатните природни пејзажи ја прават популарна дестинација за одмор.

Од скијачки центри до плажи што изгледаат како од разгледници, Франција изгледа има сè што туристите можат да посакаат.

На второ место се наоѓа Шпанија, која во 2024 година ја посетиле дури 83,7 милиони туристи. Ова е трета година по ред како оваа земја е на второто место – позната е по опуштачките одмори на сонце, но и по возбудливите градови што може да се истражуваат.

На третото место се најдоа САД, по што следуваат Кина, Италија, Турција, Мексико, Тајланд, Германија, а на десеттото место е Велика Британија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни