Најопасниот град на светот: Брутално на секој чекор, годишно има и по повеќе од 4.000 убиства

Најбруталниот и воедно најопасниот град во светот бележи стапка од 139,31 убиства на 100.000 жители.

Таму гинат и по повеќе од 4.000 луѓе годишно. Порт-о-Пренс го зазеде првото место во морничавото рангирање. Според податоците што ги подготви мексиканската невладина организација „Граѓански совет за јавна безбедност и правда“, на рангирањето на 50 најопасни градови во светот доминираат Мексико, Бразил, Колумбија и САД. Просечниот број на убиства во овие 50 градови е речиси девет пати поголем од светскиот просек.

Првото место на оваа листа му припаѓа на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Списокот е направен врз основа на податоци од 2024 година, ажурирани во февруари 2025 година. Истражувачите на мексиканската организација истакнуваат дека овој град е совршен пример за тоа што се случува кога криминалните групи ќе ја преземат контролата. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 80 отсто од градовите на Хаити се под контрола на банди, додека формалната влада во тие области повеќе не постои.

Најопасните градови во светот – Мексико предничи

Важно е да се напомене дека дури 20 од 50 градови на листата се наоѓаат во Мексико, што сочинува 40 отсто од вкупната листа. Сепак, научниците велат дека наводната манипулација со податоците од страна на мексиканските власти може да создаде лажна слика за помала стапка на криминал отколку што всушност е.

На листата има и осум бразилски градови, шест од Колумбија, по пет од Јужна Африка и САД, три од Еквадор и Хаити. Јамајка и Тринидад и Тобаго се претставени со по еден град.

Во градовите вклучени во оваа листа евидентирани се вкупно 40.198 убиства, додека вкупниот број на жители е 70.799.485. Овој број на убиства сочинува 8,2 отсто од сите убиства во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни