Од Центарот за управување со кризи информираат за состојбата со пожарите до 18:00 часот
На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои: активни се 6, под контрола 2 и изгаснати 16.
АКТИВНИ: 6
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (под контрола), друг крак кон с. Градешница (Опш. Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција (мешана шума, не се интервенира поради детонации);
3. Општина Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Опш. Прилеп) и Галиште и Трстеник (Опш. Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Крушево – Градска депонија кај м.в. Струнга (ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума);
5. Општина Струга – делницата Струга – Калишта (трска и ниска вегетација);
6. Општина Штип – с. Чардаклија – с. Караорман (ниска вегетација);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);
2. Општина Делчево – Градска депонија Острец (ѓубре);
ИЗГАСНАТИ: 16
1. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација);
2. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
3. Македонски Брод 2 – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
4. Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума);
5. Општина Прилеп – ул. Јоска Јорданоски (ниска вегетација);
6. Општина Струмица – с. Просениково (трска);
7. Општина Гевгелија – с. Миравци (грмушки и ниска вегетација);
8. Општина Радовиш – кај базенот во Радовиш (грмушки и ниска вегетација);
9. Општина Валандово – с. Јосифово (грмушки и ниска вегетација);
10. Општина Чашка – с. Оморани (грмушки и ниска вегетација);
11. Општина Росоман – с. Трстеник (напуштени лозови и овошни насади);
12. Општина Делчево – с. Звегор (ниска вегетација);
13. Куманово 1 – с. Градиште (ниска шума и ниска вегетација);
14. Куманово 2 – населба Баново трло (ѓубре);
15. Куманово 3 – населба Баново трло кај Туш маркет (ѓубре);
16. Општина Боговиње – кај Рио Компани (ниска вегетација).