Модата секогаш била непредвидлива, но никогаш не била толку динамична како што е сега. Најновата вест е дека Сабато де Сарно, кој во 2023 година ја презеде улогата креативен директор на „Гучи“, го напушта ова место.
Оаа низа на промени на врвот на модната индустрија започна крајот на 2022 година, кога „Керинг“ потврди дека Алесандро Микеле го напушта „Гучи“. Неговото заминување изненади многу луѓе. За време на седумте години на чело на брендот, не само што го редефинираше неговиот идентитет, туку создаде препознатлива ексцентрична и кич естетика која ги надмина самите модни писти.

Модата се менува и оваа година
Минатата година, Џон Галијано се прости од своето десетгодишно владеење во „Мезон Марџели“, што исто така беше значаен момент во светот на модата. Иако уште не е официјално објавено каде ќе ја продолжи кариерата, кружат гласини дека ќе покрене свој бренд. Неговиот наследник, Глен Мартенс, беше именуван минатата недела.
Исто така, Ким Џонс минатата недела најави дека ќе го напушти местото креативен директор на „Диор Хом“, што доаѓа по неговото неодамнешно напуштање на „Фенди“ во октомври минатата година. Кружат гласини дека би можел да премине во „Барбери“, но тоа поставува прашање – што ќе се случи со Даниел Ли?
Ова се дел од најзначајните смени во модната индустрија:

Гучи
Тековен креативен директор: ТBA
Поранешни креативни директори: Сабато де Сарно (2023–2025), Алесандро Микеле (2015–2023)
Сабато де Сарно го напушта брендот по две години на чело. Неговата последна колекција за есен/зима 2025 ќе биде претставена во февруари за време на Миланската недела на мода.
Мезон Марџелиа
Тековен креативен директор: Глен Мартенс (2025–досега)
Поранешни креативни директори: Џон Галијано (2014–2024)
Мартенс ќе продолжи да ја извршува својата улога во „Дизел“ и ќе ја преземе „Мезон Марџелиа“.
Фенди
Тековен креативен директор: ТBA
Поранешни креативни директори: Ким Џонс (2020–2024)
Ким Џонс се повлекува по четири години на чело на „Фенди“. Наследникот сè уште не е именуван.
Шанел
Тековен креативен директор: Метју Блејзи
Поранешни креативни директори: Вирџинија Вијард (2019–2024)
Блејзи ќе ја преземе „Шанел“ во втората половина на 2025 година.
Ботега Венета
Тековен креативен директор: Луис Тротер
Поранешни креативни директори: Метју Блејзи (2021–2024)
Тротер е именуван по преминувањето на Блејзи во „Шанел“.
Селин
Тековен креативен директор: Мајкл Рајдер
Поранешни креативни директори: Хеди Слимане (2018–2024)
Рајдер е новиот креативен директор по заминувањето на Слимане.
Живанши
Тековен креативен директор: Сара Бартон
Поранешни креативни директори: Метју Вилијамс (2020–2023)
Сара Бартон ќе го преземе водството и нејзината прва колекција ќе биде претставена во март 2025 година.
Том Форд
Тековен креативен директор: Хајдер Акерман
Поранешни креативни директори: Питер Хокингс (2023–2024)
Акерман ќе дебитира во март 2025 година.
Алберта Ферети
Тековен креативен директор: Лоренцо Серафини
Поранешни креативни директори: Алберта Ферети (1981–2024)
Лоренцо Серафини ќе ја преземе после повеќе од 40 години водство од Алберта Ферети.
Клои
Тековен креативен директор: ТBA
Поранешни креативни директори: Метју Вилијамс (2020–2024)
Компанијата сè уште не го именувала новиот креативен директор, но се шпекулира за кандидати како Хеди Слимане, Сара Бартон и Фиби Фило.
Овие смени во индустријата имаат значителен ефект на иднината на брендовите и нивните стратегии. Новите креативни директори ќе го дефинираат правецот на овие престижни модни куќи во следните години.