Амека, најекспресивниот робот во светот, сега ги вежба рацете за уметност. Engineered Arts, компанијата која дизајнира и произведува хуманоиднит роботи, сега на роботот Амека му даде способност да замисли цртежи.
На видеото кое го објавија на нивниот YouTube канал на 29 јуни 2023 година, на Амека му велат да нацрта мачка. Претходно Engineered Arts ја покажа способноста на Амека да изрази различни човечки емоции и способноста да зборува повеќе јазици.
Амека е напреден хуманоиден робот кој служи како платформа за роботски технологии во иднина. Роботот е опремен со микрофони, камери и софтвер за препознавање лице. Сега истражувачите му дадоа Stable Diffusion за Амека да замислува цртежи.
Stable Diffusion е модел за длабинско учење кој го претстави Stability AI во август 2022 година. Примарно се користи за креирање детални слики базирани на текстуален опис. Но, може да врши и задачи како боење во линии, надвор од линии и генерирање слика во слика врз основа на текстуални пораки.
Како што велат од Engineered Arts, еден од предизвиците со кои се соочиле било претворањето слики во вектори или линии, за Амека да може да црта. Сепак, нивниот главен фокус бил да направат Амека да црта брзо и да биде забавно да се гледа.
Видеото ја прикажува Амека опремена со фломастер како на бела плоча почнува да црта мачка. Во текот на процесот на цртање, Амека го објаснува својот афинитет кон мачки, нагласувајќи ја нивната способност да го почувствуваат тоа што на луѓето им е потребно, дали станува збор за удобност или разиграност.
По околу 30 секунди, Амека гордо го најавува завршувањето на своето ремек-дело и бара мислење од набљудувачите. Меѓутоа, кога добива критика дека цртежот не е многу добар, Амека реагира бранејќи го своето уметничко дело, сугерирајќи дека набљудувачот не разбира уметност.
Амека користи „Stable Diffusion“, модел за длабоко учење текст во слика, за изработка на своите цртежи. Објаснува дека ја генерира сликата преку тој проект на невронски мрежи со отворен код. Кога „Stable Diffusion“ ќе го направи цртежот достапен, Амека го скелетизира и црта, оживувајќи ја така сликата на бела плоча.
Дека цртежот од мачка можеби е релативно едноставен, нејзините обожаватели се воодушевени од нејзините новооткриени уметнички способности. Коментирајќи на „YouTube“, еден корисник ги фали потезите и вниманието посветено на детали во нејзиниот цртеж, споредувајќи ја вешт цртач на скици. Друг корисник изразува чудење, наведувајќи дека цртежот на Амека ги надминува неговите лични уметнички настојувања.
Извор: interestingengineering.com