Најмонотониот пат на светот: 240 километри без ниедна кривина

Од една страна, овој пат нуди несметан и спектакуларен поглед на една од најголемите песочни пустини на светот, но од друга страна, ако сте возач, веројатно ќе се согласите дека е прилично монотон.

Најдосадниот пат на светот се смета за делница од 256 километри без ниедно свртување која поминува низ пустината Руб-ал-Кали во Саудиска Арабија.

Делот е на саудискиот автопат број 10, кој го поврзува Ал Дарб на југозапад и Ал Бат на истокот на земјата, вкупната должина на патот е 1.474 километри и поминува близу границата со Обединетите Арапски Емирати.

Автопатот е изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од 1982 до 2005 година. Кога беше отворен за јавноста, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолга права делница на пат на светот, пренесува Punkufer.hr.

Од една страна, тој пат нуди несметан и спектакуларен поглед на огромната пустина, но ако сте возач, веројатно ќе се согласите дека е прилично монотон.

За да поминете тој пат, ќе ви бидат потребни околу два часа, што е прилично долго кога се чувствувате како да стоите на слика. А кога по 240 километри ќе видите знак за свртување, веројатно ќе се чувствувате како да сте дошле до извор поминувајќи низ пустината.

Можеби на прв поглед изгледа дека оваа делница е идеална за ставување на “цегла на гас”, но несреќите на неа се прилично чести. Дел од несреќите, секако, се предизвикани од намалената внимателност на возачите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни