Од социјален работник до музичар, ново истражување откри кои работни места најмногу ги бараат имигранти кои зборуваат англиски јазик и кои размислуваат да работат во странство.
Техничари за итна медицинска помош, социјални работници и наставници се меѓу најмногу пребаруваните работни места на Google од страна на англискојазични луѓе што размислуваат за работа во Европа. Ова е според истражување на A4ord, компанија со седиште во Берлин која нуди мултикултурна платформа за услуги.
Шпанија бележи најголем интерес за која било позиција, особено за професијата техничар за итна медицинска помош (EMT), која е на прво место со 99.343 месечни пребарувања.
Една од причините за популарноста на оваа професија може да се должи на фактот што 20,4% од населението во Шпанија во 2024 година било на возраст од 65 години или постари, според најновите податоци на Eurostat.
Стареењето на населението доведува до зголемување на итни случаи поврзани со возраста, како срцеви удари и мозочни удари, што ја зголемува потребата од EMT стручњаци.
Пребарувањата за EMT во Шпанија се повисоки отколку во многу други европски земји заедно.
Социјален работник се појави како втората најпребарувана професија во Европа за имигранти. Ова е најпопуларна позиција во три земји од Европската Унија: Холандија, Ирска и Литванија.
Во Италија, музичар е најпопуларната професија со над 6.000 месечни пребарувања. Италија е исто така единствената земја каде оваа професија е на прво место.
Пребарувањата во Германија укажуваат на силен интерес за професии поврзани со фитнес, каде што личен тренер е најпребаруваната позиција.
Data scientist (научник за податоци) е на трето место во Германија со 4.340 пребарувања, што го одразува растечкиот технолошки сектор во земјата.
Во Данска, најголем обем на пребарувања има професијата рецепционер, со 2.833 месечни пребарувања.
Помалите европски нации покажале поскромен обем на пребарувања, при што најпребарувана професија во Луксембург е хемичар.