Жолто-белиот трамвај, познат како Глорија, кој се движи по стрмна градска улица и може да превезе повеќе од 40 патници, се преврте на тесниот пат каде што секојдневно движи. Телевизиските снимки покажуваат дека возилото останало на страна, со делумно згужвани странични и горни делови.
Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство до семејствата на загинатите. На местото на несреќата интервенирале неколку десетици екипи за итна помош.
Несреќата се случила околу 18 часот, на почетокот на вечерниот метеж. Причините засега не се познати.
Трамвајот Глорија е една од најпознатите атракции во Лисабон, кој освен локалните жители, редовно го користат и туристи.
Извор: Euronews.