Најмалку 50 лица убиени во вооружен напад на истокот на Конго

Во најновата ескалација на вооружениот конфликт, загинаа околу 3.000 луѓе, додека хуманитарната ситуација дополнително се влоши за повеќе од седум милиони веќе раселени лица.

Најмалку 50 лица беа убиени за време на викендот во вооружен напад на истокот на Демократската Република Конго, во регион погоден од судири меѓу конголската војска и бунтовничката група М23, за која се смета дека ужива поддршка од Руанда, соопштија локалните власти.

Владата на Конго и бунтовниците од групата М23 се меѓусебно обвинуваат за одговорноста за овој најнов бран на насилство, пренесува агенцијата АП.

Смртоносниот напад во и околу најголемиот урбан центар под контрола на М23 претставува сериозна закана за регионалниот мир и ги поткопува тековните мировни напори предводени од земјите од Арапската лига и Африканската унија.

Деценискиот конфликт меѓу Конго и групата М23 дополнително ескалираше на почетокот од оваа година, кога бунтовниците постигнаа значајни воени успеси – најпрво со заземањето на стратешки важниот град Гома во јануари, а потоа и на Букаву во февруари.

Во најновата ескалација на вооружениот конфликт, загинаа околу 3.000 луѓе, додека хуманитарната ситуација дополнително се влоши за повеќе од седум милиони веќе раселени лица.

Министерството за внатрешни работи на Конго директно ја обвини групата М23 за последниот напад, додека портпаролот на бунтовниците ја префрли одговорноста на владините сили и нивните регионални сојузници.

Автор: Танјуг

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни