Најмалку 31 Палестинец убиени во изралеските напади во градот Газа

Најмалку 31 Палестинец се убиени денеска во градот Газа, соопштија локални медицински извори, додека Израел ја засилува својата воена офанзива во главниот град на истоимената палестинска енклава и покрај меѓународните критики, јави ДПА.

Во целиот Појас Газа, пак, денеска се убиени вкупно 47 лица.

Израелските вооружени сили засега не ги коментираат овие наводи.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави масовно бомбардирање во неколку делови од градот Газа.

Според информациите објавени од израелската војска, околу 480.000 Палестинци го напуштиле градот, кој некогаш беше дом на околу еден милион луѓе. Тие се обидуваат да стигнат до хуманитарната зона во Маваси, која се наоѓа североисточно од градот Рафа во Појасот Газа.

Здравствените власти во Појасот Газа го проценуваат бројот на убиени Палестинци од почетокот на војната пред речиси две години на повеќе од 65.000, од кои повеќето се цивили. 

Израел го обвинува палестинското движење Хамас дека користи цивили како човечки штитови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни