Најмалку 26 загинати на Филипините поради тропската бура Буалој

Тропската бура Буалој однесе најмалку 26 животи на Филипините, а над 2,7 милиони луѓе се погодени од поројни дождови, поплави и свлечишта. Илјадници се евакуирани, а штети се пријавени низ повеќе региони.

Најмалку 26 лица загинаа, 14 се водат како исчезнати, а 33 се повредени на Филипините за време на тропската бура Буалој, објави во неделата Филипинската новинска агенција, пренесува Анадолија.

Националниот совет за намалување на ризици од катастрофи и управување со кризи соопшти дека вкупно 738.714 семејства, односно 2.797.706 луѓе, се погодени од денови на обилни дождови, поплави и свлечишта предизвикани од тропските циклони, локално познати како Опонг, Нандо и Мирасол.

Според извештајот, 46.611 семејства или 163.317 лица моментално се сместени во 2.680 евакуациски центри, додека 31.448 семејства или 118.957 луѓе добиваат помош надвор од тие центри.

Регионот Кагајан Вали пријави осум смртни случаи, регијата Бикол девет, Кордилера четири, додека Централен Лузон и Централен Висајас пријавиле по две жртви. Еден смртен случај е забележан и во Источен Висајас.

Силниот дожд, ветер и поплави оштетиле вкупно 8.916 куќи. Владата обезбедила финансиска помош за 149.675 семејства преку различни државни агенции и локални власти.

Во петокот, Буалој донесе обилни врнежи и силни ветришта во централните делови на Филипините и јужниот Лузон, претставувајќи дополнителна закана за жителите кои сѐ уште живеат во поплавени области во провинцијата Булакан.

Оваа бура доаѓа по супертайфунот Рагаса, кој претходните денови ја погоди земјата, при што загинаа над 20 лица на Тајван и Филипините.

Во меѓувреме, кинескиот град Санја, во јужната островска провинција Хаинан, е ставен во состојба на висока подготвеност додека тајфунот Буалој се приближува кон јужниот дел на островот, пренесува агенцијата Синхуа.

Аеродромот во Санја ги прекина сите летови од 9 часот наутро до 9 часот навечер по локално време, а вкупно 36.842 жители се евакуирани на безбедни локации. Училиштата во повеќе области останаа затворени.

Буалој се движи кон северозапад со брзина од 25 до 30 километри на час и се очекува да помине близу до јужниот брег на Хаинан, пред да го погоди северниот централниот дел на Виетнам во недела навечер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни