Во нападот се повредени најмалку 38 лица.
Експлозии се слушале и во текот на ноќта околу Шринагар, главниот град во индискиот дел на Кашмир. Според безбедносни извори, три индиски борбени авиони се соборени.
Интензивна артилериска размена се одвива долж спорната граница во Кашмир, неколку часа по индискиот напад на пакистанска територија, кој, според индиските власти, е одговор на смртоносниот напад извршен на 22 април.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги осуди воздушните напади и порача дека Пакистан ќе одговори на, како што ги нарече, „кукавички напади“.