Шведската полиција соопшти дека најмалку 10 луѓе се убиени во пукањето во центарот за образование на возрасни, кој се наоѓа во кампус со други училишта, во градот Еребру. Полицијата верува дека напаѓачот е меѓу загинатите и дека делувал сам и дека нема да има нови напади.
Премиерот на оваа скандинавска земја, Улф Кристерсон, го опишува нападот како „најлош масакар“ во историјата на Шведска, додека министерот за правда, Гунар Стромер, вели дека мотивот сè уште не е познат.
„Ова е многу болен ден за цела Шведска“, напиша премиерот на социјалната мрежа Икс.
Шведската полиција соопшти дека сите убиени биле пронајдени во зградата на центарот и дека работат на идентификација на жртвите.