Најлежерниот град во Европа: Луѓето шетаат по улиците во бањарки

Во едно мало рибарско гратче на југот на Шведска, целосно е нормално луѓето да шетаат по улиците облечени во бањарки – без разлика на времето од денот.

Жителите и туристите така одат до продавница, пијат кафе на сонце или шетаат покрај брегот, следејќи ја традицијата на утринско капење во студеното море.

Градот Тореков, сместен на полуостровот Бјаре, е познат по своето локално пристаниште наречено Моргoнбриган (во превод: Утринскиот мол), кое е центарот на овој уникатен ритуал. Скоро сите мештани редовно го практикуваат – некои сами, некои во друштво – и тоа токму во своите бањарки, кои се сметаат за неофицијална „униформа“ на утринското капење.

Опуштено утро со поглед кон Данска

Летните месеци го прават Моргонбриган особено жив – местото се полни со капачи, љубители на природата и луѓе кои сакаат да уживаат во погледот кон Ересунд (морскиот теснец) и околината. Од таму може да се види и островот Халандс Ведеро, како и отвореното море од каде што траекти пловат кон Данска.

Посетителите велат дека наоѓаат внатрешен мир и моменти за размислување токму на утринското пристаниште. Многумина доаѓаат да го гледаат изгрејсонцето, да се фотографираат или едноставно да бидат присутни во моментот.

Тореков – село од бајка

Самото гратче изобилува со шармантни калдрмисани улици и традиционални куќи, а атмосферата е тивка и рурална. За оние што сакаат да побегнат од градската врева, Тореков нуди идеална можност за вистински одмор. Во местото ќе најдете и пријатни кафулиња, мали ресторани и продавници со ракотворби.

Без сомнение, Тореков е едно од оние ретки места каде што опуштеноста е начин на живот, а бањарката – моден избор број еден.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни