Најлесен начин како да ги избелите јајцата пред фарбање

За секоја боја за бојадисување на велигденските јајца да биде подобро аплицирана, искористете го трикот со претходно избелување на јајцата.

Искусните домаќинки знаат дека мора да ги мијат јајцата пред да ги бојадисаат. Исто така, за да ги избелите доколку се потемни, тоа можете да го постигнете на едноставен начин.

Се што ви треба е:

Јајца (по можност посветли, но можат да бидат и кафени)

Една чаша оцет (алкохолен, 9%)

Вода

Тенџере

Сунѓер или ткаенина (опционално)

Измијте ги јајцата со млака вода и благ сапун или само со сунѓер за да ги отстраните нечистотиите и маснотиите од лушпата. Потоа натопете ги во оцет.

Во лонец истурете вода и чаша оцет (односот треба да биде приближно 1 дел оцет со 3 дела вода). Во смесата ставете ги јајцата и оставете да отстојат 10-15 минути. Оцетот ќе почне лесно да ја „нагризува“ површината на лушпите и малку да ги осветлува.

За малку посилно избелување, варете ги во оцет. Имено, сварете јајца водата измешана со оцетот. Оцетот уште повеќе ќе ја осветли бојата на лушпата за време на варењето и ќе помогне бојата подоцна подобро да се впие. Варете ги како и обично (околу 10 минути за тврдо варени јајца). Кога ќе ги сварите, нежно избришете ги со крпа и оставете ги да се изладат пред да ги фарбате.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни