Најк се враќа на Амазон по шестгодишна пауза и планира зголемување на цените

По шестгодишна пауза, американскиот производител на спортска опрема „Најк“ повторно ќе започне со продажба на производи директно на платформата на „Амазон“.

Компанијата, исто така, ќе ги зголеми цените на повеќето свои патики и друга облека почнувајќи од 1 јуни, по неодамнешното воведување на високи американски царини, јавија американските медиуми.

Облеката и обувките за возрасни со цена над 100 долари ќе поскапат од 2 до 10 долари, додека поевтината стока и производите за деца нема да бидат засегнати од мерката.

Според Си-Ен-Би-Си, околу 50% од обувките на „Најк“ се произведуваат во Кина и Виетнам. Администрацијата на Трамп воведе царини за тие земји – 30% за Кина и 10% за Виетнам. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни