Трагедијата која се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во пожар загинаа минимум 59 лица, по бројот на жртви e една од најголемите катастрофи во Македонија од осамостојувањето на земјата. Оваа трагедија е на третото место, веднаш по две големи авионски несреќи во 1993 година во Македонија. Катастрофата во Кочани беше трета најголема трагедија од осамостојувањето на Македонија по бројот на жртви. Од 1991 година низа трагични настани за жал ја одбележаа земјава межу кои и несреќата на автопатот Струма кога изгоре автобус на Беса Транс и загинаа 45 лица од кои 12 деца, потоа автобуската несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 лица, бродската несреќа во Охрид кога животот го загубија 15 лица, пожарот во модуларната болцица кога загинаа 14 лица…
Ова е листата на трагедиите со најголем број на жртви во историјата од осамостојувањето на Македонија:
Авионска несреќа на Авиоимпекс кај Охрид (20.11.1993) – На 20 ноември 1993 година во Тројани се сруши авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“, кој се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен кон Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром. Сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.

Авионска несреќа на Палер Македонија во близина на скопскиот аеродром – На 5 март 1993 се урна авионот на македонската авиокомпанија – Палер МК, од типот фокер 100, веднаш по полетувањето од Скопскиот аеродром. Се урнал на 400 метри од пистата. Вкупно 83 луѓе, од кои 79 патници и 4 членови на екипажот загинале, додека 14 луѓе преживеале. Во времето на несреќата, таа била најфаталната авионска несреќа во Македонија.

Пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани– на 16 март во пожар на концерт на групата ДНК, загинаа 59 лица и повеќе од 180 се повредени. Оваа трагедија стана една од најголемите катастрофи во Македонија од осамостојувањето на земјата, по бројот на жртви
Автобус на Беса Транс изгоре во Бугарија – На 23 ноември несреќата се случи на автопатот Струма. Околу 2 часот, автобусот излетал од патот, при што се запали. Загинаа 45 лица, од кои 12 деца. Седум лица се спасија, а меѓу загинатите е и возачот на автобусот.
Во поплавите во скопско Стајковци на 06.08.2016 година, загинаа 22 лица. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови. Пријавени биле 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати. На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб информираа дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август. Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски Регион до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице. Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето било двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили. Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко. Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле. Првично животите ги загубија 21 лице, а потоа беше пронајдено уште едно 12-годишно дете.

Автобуска несреќа Ласкарци- На 13.02.2019 Автобус на „Дурмо Турс“ кој сообраќаше од Скопје до Гостивар, на излезот од Скопје кај селото Ласкарци, излета од патот и најпрво од другата коловозна лента, па во провалија. Загинаа вкупно 16 лица. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.

Бродска несреќа во Охрид – на 05.09.2009 –бродот „Илинден“ потона во близина на кампот Елешец во Охридското езеро. Животите ги загубија 15 лица, во бродот имало 45 патници. Сите загинати патници беа од Бугарија. На 5 септември 2009 година, бродот за разгледување на Илинден со група од 57 странски туристи потона во Охридското Езеро, Југозападна Република Македонија. Бродот Илинден носешел туристи во манастирот Свети Наум. Бродот, изграден во 1924 година, имал максимален капацитет од 45 патници. Потонал за четири минути, на околу 200 метарs (700 ст) од брегот, во плитки води. Се наведува дека чамецот потонал околу 11:00 часот наутро по локално време, во близина на кампот Елешец. Два други чамци, Александрија и Кристина, биле во близина и можеле да им помогнат на патниците на Илинден . Повеќето од туристите на бродот беа постари граѓани, од кои многумина не можеа да пливаат. Жртвите беа од Пирдоп, Златица, Челопеч и особено Антон.

Пожар во модуларната болница во Тетово- На 08.09.2021 за време на пандемија се случи катастрофален пожар во модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 лица. Вечерта на 8 септември 2021 година избувна пожарот во модуларната болница за COVID-19 пациенти во Тетово. Во пожарот од загинатите 14 лица 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите. На 10 септември, два дена по пожарот, оставка дадоа министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.

Авионска несреќа на владиониот авион во Мостар- на 26.02.2004 авионот од типот Кингер со претседателот Борис Трајковски и претставници од неговиот кабинет, се урна во близина на Мостар (БиХ). Животите ги загубија девет лица кои се превезуваа со авионот. Авионот леташе од Скопје до Мостар, но пред слетувањето во лоши временски услови го губи контактот и се урива кај Столац во близина на Мостар. Во авионот се наоѓале македонскиот претседател Борис Трајковски, Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.
Хеликоптерска несреќа кај Блаце- На 12.01.2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.
Карго авион „Антонов“ се урна во близина на селото Лисец на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец на 24.07.1992 година. Во оваа несреќа животот го загубија 8 лица.
Авион од типот „Цесна“ се урна на 28.08.2008 година во месноста Скребатно кај селото Лескоец, во близина на Охрид. Во несреќата животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. Избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓало малечко девојче.
Авион „Антонов“ која беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје на 18.09.1995 година. Загинаа два члена на екипажот.

Во невремето во Тетовско на 04.08.2015 година, 6 лица загинаа од наноси во селото Шипковица.
Удар на гром во Берово на 29 август 1996 година однесе со 9 жртви и околу 50 повредени;
Она што сигурно ја одбележува тагата е и катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26.07.1963 година кога загинаа околу 1.100 жители, најмалку 4.000 лица беа повредени, а 200.000 останаа без покрив над главата.
На 22.10.1951 година , авион на ЈАТ што полета од Белград се урна на аеродромот во Скопје. Загинаа 12 лица. На црната листа запишани се и земјотресот во Валандовско од 11 март 1931 година со околу 15-200 жртви и повеќе стотици повредени, лавина-свлечиште во долината на Радика на 11 февруари 1956 година со 52 жртви, одрон-свлечиште Градот кај Кавадарци на 5 септември 1956 година, со 11 жртви и дебарскиот земјотрес од 30 ноември 1967 година, со 6 жртви;