„Ова е неверојатно тежок ден за сите во Northvolt. Планиравме да изградиме нешто револуционерно – да предизвикаме вистински промени во индустријата за батерии, електрична енергија и пошироката европска индустрија и да го забрзаме преминот кон зелена и одржлива иднина“, изјави Том Џонстон, привремен претседател на Northvolt.

Најголемиот производител на батерии во Европа прогласи банкрот


Шведскиот производител на батерии Northvolt подсе барање за банкрот, со што заврши сагата за оваа компанија која ветуваше многу. Northvolt се сметаше за најголема надеж за Европа која очекуваше дека со овој производител на батерии ќе може да конкурира на Кина, која доминира со индустријата.

Шведскиот стартап, зад кој стојат Volkswagen, Goldman Sachs и BlackRock, објави дека не успеал да обезбеди финансирање за продолжување на бизнисот и дека стечајниот управник ќе го распродаде неговата имот.


„Ова е неверојатно тежок ден за сите во Northvolt. Планиравме да изградиме нешто револуционерно – да предизвикаме вистински промени во индустријата за батерии, електрична енергија и пошироката европска индустрија и да го забрзаме преминот кон зелена и одржлива иднина“, изјави Том Џонстон, привремен претседател на Northvolt.

Стечајот означува крај за компанијата која од инвеститори и влади добила околу 15 милијарди долари во технологија која е клучна за електричните возила, каде што Европа се обидува да ја достигне Азија, како што се Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

Поднесувањето на банкротот во Шведска доаѓа откако крајот на минатата година Northvolt веќе поднел барање за банкрот, но продолжил да се обидува со инвеститорите да најде начин за продолжување на бизнисот.

Това не е првпат стартап за производство на батерии да пропадне. Неуспехот на A123 Systems пред повеќе од десет години е најпознатиот пример во САД. Банкротот на Northvolt веројатно е повеќе знак за лошо управување отколку за помала побарувачка за електрични возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни