Најголемиот глечер на светот, Ламбертовиот глечер, започна да се движи по скоро една година откако беше заглавен во океанот поради воден вртлог, соопшти Британскиот центар за Антарктик (BAS).
Глечерот А23 има површина од 3.800 квадратни километри, а дебел е 400 метри, пренесува BBC.
Овој глечер се одвоил и ослободил на Антарктикот во 1986 година, иако веднаш потоа повторно се заглавил на брегот. Ледената санта се заглавила на дното на Веделовото море, дел од Јужниот океан, каде што останала неподвижна повеќе од 30 години.
Глечерот повторно започнал да се движи кон север во 2020 година, но од пролетта оваа година повторно се заглавил кога бил зафатен од вртлог близу островите Јужни Оркни.
Британскиот центар за Антарктик соопштил дека сега глечерот продолжува да се движи на север.
Се верува дека глечерот А23 ќе го напушти Јужниот океан и ќе влезе во Атлантскиот океан, каде што ќе се сретне со потопли води и веројатно ќе се распадне на помали санти, кои ќе се топат.