Најголемата продавница за миленичиња во светот прогласи банкрот

Според изјавите на сопствениците, ЗОО Зајац, најголемата продавница за миленичиња во светот, поднесе барање за стечај.

Судот во Дуизбург веќе назначи и адвокатка за привремен стечаен администратор. Причина за стечајот се драстично зголемените цени на набавките, транспортот и енергенсите, како и неуспешните преговори за кредити за привремено финансирање. И покрај тоа, продавницата продолжува да работи, а околу 150 работници добиваат стечајни бенефиции од германската Федерална агенција за труд.

Исто така, обезбедена е грижа и за животните за време на празниците. Адвокатите се оптимисти дека има реални шанси за опоравување на компанијата: „Условите за успешно закрепнување се добри. Наскоро ќе започнеме структуриран процес на изнаоѓање инвеститори“, велат тие.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни