Најголемата дива на регионалната шлагер и џез сцена, Бисера Велетанлиќ со уникатниот Васил Хаџиманов бенд

На 17-ти ноември Скопје и Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (9-ти октомври)  во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.500 денари.

Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП влезници, по цена од 2.000 денари.

ВАЖНО: Ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни