Најголема операцијата за деактивирање на бомбите во Келн по Втората Светска Војна

Претходно, повеќе од 20.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови во радиус од 1.000 метри околу локацијата во населбата Дојц.

Повеќе од 20.000 луѓе беа евакуирани, но операцијата за деактивирање на бомбите во Келн сепак беше одложена поради само едно лице кое не сакаше да го напушти својот стан. Сепак, операцијата беше успешна, пренесуваат германските медиуми.

По најголемата операција за евакуација во Келн од Втората светска војна, експертите за деактивирање бомби успеаја да неутрализираат три големи неексплодирани бомби.

До 19:19 часот, експертите ги деактивираа сите бомби, пишува Stern.de.

Патиштата и мостовите сега постепено повторно се отвораат, а жителите можат да се вратат во своите домови.

Градоначалничката на Келн, Анријета Рекер, им се заблагодари на сите кои учествуваа „и кои со таков извонреден професионализам ја спроведоа најголемата евакуациска операција во Келн од 1945 година.“

Претходно, повеќе од 20.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови во радиус од 1.000 метри околу локацијата во населбата Дојц.

Откако беше затворен и мостот кај Келнската катедрала — најпрометниот железнички мост во Германија — железничкиот сообраќај преку Рајна до главната станица во Келн беше прекинат.

Во акцијата беа ангажирани 240 вработени од Канцеларијата за јавен ред во Келн, со поддршка од колеги од Бон.

Противпожарната служба беше на терен со 451 припадник, вклучувајќи бројни волонтери од хуманитарни организации кои управуваа со вкупно 282 возила за итна помош.

Дополнително, хуманитарни организации се грижеа за луѓето во саемскиот центар.

Бомбите од Втората светска војна беа пронајдени во понеделникот во бродоградилиштето Дојц и бараа евакуација на подрачје со радиус од еден километар.

Околу 20.500 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, вклучувајќи болница и неколку домови за стари лица. Бројни хотели, ресторани и продавници останаа затворени, додека големите компании ги испратија своите вработени да работат од дома.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни