Најдоброто во светот: Македонија ја престигна Грција во извозот на вино

„Последните податоци кои вчера ги доби министерот за земјоделие и кои ги кажав на прес-конференцијата е дека Северна Македонија е прв извозник на вино во регионот, ако досега беше Грција, сега ние сме пред Грција. И сме на 13-ти најголем извозник на вино во светот“ изјави премиерот Димитар Ковачевски од Самитот за вино на Отворен Балкан во Белград.

Тој додаде дека тоа е резултат на добрите политики на владата во делот на производството на вино, грозје секако и на законските мерки и решенија во овој значаен дел од нашето земјоделско производство.

„Извозот кој Северна Македонија го имаше минатата година е на ниво од 60 милиони евра што е извоз со голема додадена вредност со оглед на тоа што виното е производ со додадена вредност и уште еден значаен податок што извозот веќе 32% надмина да биде во флаширана форма“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека најголем партнер е Србија каде што извезуваме количини во износ од 21 милион евра.

„Радува фактот што на годишениот саем бројот на нашите винарии кои се приустни е двојно поголем од минатата година. Ние оваа година имаме над 70 претставници со над 1000 етикети на вино кои се присутни и јас верувам дека на саемот најголемиот дел од наградените ќе бидат македонски винарии и македонските вина“ рече Ковачевски.

Извор: brif.mk

Најново

Последни колумни