Најдобрите Wonder Woman стрипови на сите времиња

Постојат голем број стрипови посветени на Wonder Woman, а приказната за неа датира осумдесет години. Нејзината авантура е во фокусот на преку 750 изданија, а потоа следуваат и секакви мини-серии, специјални едиции, па тешко е да се знае од каде да се започне. Но, добрата вест е дека има делови што може да се игнорираат, па доколку се занемари фактот на поврзаноста на Wonder Woman со Супермен или нишката со нејзиниот таен брат близнак Џејсон, доаѓаме до заклучок дека постојат стотици одлични приказни за истражување. Љубителите на жанрот ја комплетираа следната листа, која заинтересираните може да ги поттикне да ги откриваат помалку познатите интересни факти од митовите за Wonder Woman.

Wonder Woman’s origin story

Wonder Woman: Year One

Грег Рука и Никола Скот

Потеклото на Wonder Woman е прераскажувано неколку пати во текот на децениите, а авторите Рука и Скот ги доловуваат најдобрите елементи во Year One. Класичните митови се преработени во модерен изглед, а особен фокус е поставен на влезот на Дајана во машкиот свет. Четивото буди симпатии околу Wonder Woman, бидејќи Рука и Скот даваат нов живот на долго запоставени ликови. Делото е своевиден извор, па сè што произлезе оттогаш се гради на оваа основа. Но, доколку се копа до прагенезата се доаѓа до „Wonder Woman: The Golden Age Omnibus Volume 1“ од Вилијам Мултон Марстон и Х.Г. Петар. Со оглед на тоа што станува збор за оригинални стрипови од 1940-тите, раскажани многу брзо пред работите да тргнат кон бомбастична акција во светот, Wonder Woman се бори со сили на Оската и освојувачи од други планети. Авторите ја креираат нејзината визија за „новиот тип на жена која треба да владее со светот“. Овој том содржи и изобилство на приказни за ропството, а комбинацијата на феминизам и фетишизам е воедно и фасцинантна и бизарна. Следува The Legend of Wonder Woman од Рена де Лиз и Реј Дилон кои создаваат нова, извонредна авантура користејќи современи техники на раскажување приказни. Во ова дело се задржуваат позитивните пораки на оригиналната Wonder Woman.

A Wonder Woman deep dive

Џорџ Перез

По неколку децении збунувачки континуитет, Џорџ Перез во 1987 година ja рестартираше Wonder Woman, фокусирајќи се на нејзините митолошки корени и создаде нова споредна екипа на сложени женски ликови, заедно со класични негативци. Љубовта и почитта на Перез кон ликот блескаат низ секоја страница, а резултатот е епски циклус што ја воспостави модерната Wonder Woman и продолжи да служи како инспирација за секој стрип и филм што следува.

Wonder Woman and her friends

Sensation Comics содржат приказни од широк спектар на ликови и секој том дефинитивно вреди да се прочита. Гостува и Лоис Лејн, заедно со астронаути, змејови, други митски суштества и многу повеќе. Две приказни се особено значајни: симпатичниот поглед на Лорен Беукес и Мајк Мајхак за Wonder Woman наспроти Cheetah (Гепардката), како и првата посета на тинејџерката Дијана на надворешниот свет. Следува Wonder Woman: Heart of the Amazon, каде се нурнува во модерната верзија на ликот и се прикажува нејзиното семејство, нејзините борбени вештини во војната против ловци на награди. Во суштина Wonder Woman нема многу блиски пријатели.

Wonder Woman vs The Cheetah

Ејми Чу и Ноел Стивенсон

Постоеја многу различни Cheetah со текот на годините, но тврдиот став на Рука и Шарп кон ликот е посимпатичен од кој било досега. Оваа приказна е прво поглавје од трагедијата меѓу Дијана и Барбара Ен Минерва (The Cheetah) која е во тек. Следува Wonder Woman #178-203 од Дени О’Нил, Мајк Сековски и Дик Џордано. Wonder Woman тука се откажува од своите супермоќи и е подготвена да остави зад себе херои се додека мистериозната д-р Сајбер не го убие нејзиното момче, Стив Тревор. Во текот на следните неколку години, Дијана беше во потрага по себе за да се одмазди. Особено привлече внимание улогата на Wonder Woman во Superman: Sacrifice oд Грег Рука I Рагс Моралес. Wonder Woman мораше да се вклучи кога Max Lord ќе ја преземе контролата над Супермен, а немилосрдноста на негативецот ја принудува таа да донесе одлука што ги шокира нејзините колеги супер-херои. Приказната е впечатлив предизвик на жртвата која Wonder Woman е подготвена да ја направи за поголемото добро.

Wonder Woman and Greek mythology

Што се случува кога грчките богови ќе го заземат градот Готам и како домаќини ќе ги најдат Џокерот, Појзон Ајви и други? Бетмен на помош ја повикува Wonder Woman. Работите одат од лошо на полошо кога божествата ги преземаат Бетмен, Најтвинг и Робин, оставајќи ја Wonder Woman сама да го спаси градот. Фил Хименез тука создаде фантастичен серијал на Wonder Woman во раните 2000-ти, а овој чуден излет е еден од многуте моменти.

Challengers to the Wonder Woman tiara

Дијана не беше единствената Wonder Woman. Артемис, членка на aмазонската група Бана-Мигдал, ја предизвика за титулата во раните 1990-ти и победи. Ваквиот пресврт ја дефинираше оваа ера во стрипот, но Артемис претставуваше интригантен и алтернативен пристап кон класичната перцепција за амазонството. Ривалството ја направи омилен лик на обожавателите и оттогаш остана дел од универзумот на DC. Недалеку потоа дојде „The second life of the original Wonder Woman“ oд Роберт Канигер, Дон Хек и Дик Џордано. Кога Дијана се врати како Wonder Woman во 1973 година по нејзината „Mod Era“, таа веднаш беше предизвикана од Nubia, нејзината одамна изгубена сестра која тврдеше дека е вистинската Wonder Woman. Овој првичен антагонизам отстапи место на пријателството, а приказната е значајна за воведувањето на првиот афроамерикански лик од серијалот.

Грег Рука и Лијам Шарп

Wonder Woman in the multiverse

Замислете свет без Бетмен и Супермен, каде женските суперхерои се здружуваат во 1940-тите за да се борат во Втората светска војна! Авторите создаваат убава, возбудлива и често потресна приказна која го истакнува најдоброто од хероините на DC. Wonder Woman е столб на тимот и го води обвинението против нацистите и нивните соработници, вклучувајќи ги класичните негативци на Wonder Woman како Пола фон Гинтер и Присила Рич. Маестрален е настапот на Wonder Woman и во DC: The new Frontier, каде таа е фениксот во сребреното доба на DC во средината на 1950-тите. Првично како агент во кампањите на американската влада за Студената војна, таа сепак тргнува по свој пат и застанува на страната на заборавените.

Wonder Woman comics for teens

Тука Дијана е млада и осамена и таа е единственото дете на островот на возрасните Амазонки, па затоа во имагинацијата си создава пријателка. Изгледа како интересен план се додека работите не почнат да излегуваат од контрола и нејзината другарка излегува дека е прилично опасна. Сепак приказната е симпатична и привлечна. Прекрасен вовед е во ликот за младите читатели што навестува дека сочувствителната хероина ќе стане Дијана.

Најново

Последни колумни