Најдобрите кои боцкаа за позитивна промена- Избравме Трн на годината

Признанијата се доделуваат на иницијативи кои оставиле силен впечаток, кои инспирирале, мотивирале и мобилизарале и кои вовеле креативен пристап кон остварувањето позитивни промени во нашето општество

На крајот на 2024 година одлучивме да им доделиме признанија на најдобри иницијативи кои носат промени во општеството на клучните теми кои се од интерес на заедниците. Признанијата се доделуваат на иницијативи кои оставиле силен впечаток, кои инспирирале, мотивирале и ja мобилизирале заедницата и поединците. Иницијативи кои вовеле креативен пристап кон остварувањето позитивни промени во нашето општество.

Признанијата ги доделивме во шест категории и тоа :

ЗЕЛЕН ТРН – Признание за најдобра иницијатива за заштита на животната средина
ЖЕНСКИ ТРН – Признание за најдобра иницијатива за унапредување на женските права
ЗДРАВ ТРН – Признание за најдобра иницијатива за здрав живот
МЛАДИНСКИ ТРН – Признание за најдобра иницијатива за промоција на младинската креативност
ТРН НА ЕДНАКВОСТА – Признание за најдобра иницијатива за интеграција на Ромите
ТРН ВО ПРОСТОР – Признание за најдобра интервенција во јавен простор која предизвикува демократска промена

Во категоријата ЗЕЛЕН ТРН – Признание за најдобра иницијатива за заштита на животната средина, наградите ги добија кампањата “Наша гордост – наша одговорност” на СКОПСКО и Пописот на штрковите во Македонија на Македонско еколошко друштво

“Наша гордост – наша одговорност”- Чистење на дното на Охридското езеро

Низ целата година, СКОПСКО организираше значајни еколошки иницијативи кои ги обединија граѓаните, ја зголемија свеста и донесоа конкретни резултати во борбата за почиста и одржлива иднина. Од големи акции за чистење до иновативни програми за селектирање и рециклирање, овие иницијативи допреа до сите, мобилизирајќи ги и инспирирајќи ги граѓаните да преземат одговорност за животната средина.

Пребројување на штрковите на национално ниво

Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 377 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња е 3,934.

Признанието ЖЕНСКИ ТРН за најдобра иницијатива за унапредување на женските права го доделивме на Феминистичката платформа Медуза.

Медуза е феминистичка платформа создадена за девојки, жени, родови и сексуални малцинства – и во суштина од сите личности со желба да слушаат, да учат и да живеат феминистички. Лица кои сакаат да градат меѓусебни мрежи на поврзување, да читаат едни за други и пишуваат: за себеси, за личните/системските проблеми со кои се соочуваат секојдевно; за своите избори, своите права, своите задоволства, своите тела, своите приказни…

ЗДРАВ ТРН – Признание за најдобра иницијатива за здрав живот го доби Кампањата “Крени глас против врсничкото насилство” на Макпетрол.

Кампањата преку едукација, квизови, медиуми и настани во текот на целата година ги поттикнуваше младите и родителите да кренат глас против врсничкото насилство – да научиме да реагираме навреме.

Иницијативата “Силата ЕУ младите” во организација на „ПМГ Рекордингс“ и здружението „Крај Вардарот“, го доби признанието МЛАДИНСКИ ТРН – за најдобра иницијатива за промоција на младинската креативност.

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е платформа креирананод дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ од Скопје со мисија да детектира, ангажира и промовира квалитетни автохтони младински движења, музички бендови, диџеи и поединци од Македонија. Активностите на платформата се во организација на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ и здружението „Крај Вардарот“ Замислена како квалитетен пресек на најубавата и најпаметна македонска младина на почетокот на 21-виот век, оваа платформа цели да биде генератор и иницијатор на дружење и (интер)генерациска, креативна и конструктивна соработка, во правец на подигање на квалитетот на животот на младите, преку нивно динамично ангажирање во областа на културата и уметноста.

ТРН НА ЕДНАКВОСТА – Признание за најдобра иницијатива за интеграција на Ромите ја доделивме на Roma Rock School

Roma Rock School

Roma Rock School е место каде млади таленти можат да се развиваат и да творат. Музичкото образование е сосема бесплатно и учествуваат ученици од било каква националност. На овој начин младите таленти преку музика пренесуваат порака за креативност, единство и толеранција.

ТРН ВО ПРОСТОР е Признание за најдобра интервенција во јавен простор која предизвикува демократска промена и признието го добија КомшиLOOK и Муралот врз ЦК Марко Цепенков “Правината се танчи, но не се кинит”, како и серијата мурали на АКТО.


КомшиLOOK замислува свет каде што уметноста и културата се развиваат преку динамичен социјален мултимедијален пристап, надминувајќи ги традиционалните граници. КомшиLOOK ги активира занемарените простори, стратешки избирајќи локации кои ќе ги претвори во нови времени културни центри достапни за сите. Преку курирани мултимедијални искуства од повеќе различни дисциплини, има за цел да поттикне дијалог, да провоцира креативност и да инспирира позитивни општествени промени.

Муралот врз ЦК Марко Цепенков

Муралот врз ЦК Марко Цепенков “Правината се танчи, но не се кинит” и серијата мурали на АКТО
Серијата од четири мурали од кои по еден во Прилео и во Кичево и два во Скопје се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода, со надеж дека долго време ќе останат визуелен потсетник за неопходноста на борбата за да се дојде до истите – со силата на заедништвото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни