Најчести причини за кошмари – кога да побарате помош од лекар?

Кошмарите се соништа кои можат да бидат непријатни, страшни или невообичаени. Тие се појавуваат за време на РЕМ фазата на спиење кога мозокот работи речиси исто интензивно како кога сте будни.

Тие се разликуваат од лошите соништа по тоа што ноќните мори секогаш ве будат во текот на ноќта, додека лошите соништа не. Повремените кошмари се сметаат за нормални.

Иако точните причини се непознати, се знае дека многу фактори ја зголемуваат веројатноста за кошмари.

Анксиозност или стрес

Понекогаш секојдневниот стрес може да предизвика кошмари.

Грижите за училиште или работа го зголемуваат ризикот од нивна појава. Големите животни настани, како што се преселувањето или губењето на саканата личност, исто така може да доведат до кошмари, пишува WebMD.

Траума и ПТСН

Кошмарите се чести по траума, како што се злоупотреба или несреќи, а кај луѓето со посттрауматско стресно растројство (ПТСР), тие можат да бидат интензивни, чести и да ги влошат симптомите на ПТСР.

Состојби на ментално здравје

Луѓето кои имаат биполарно растројство, депресија, генерализирано анксиозно растројство или шизофренија се повеќе склони кон кошмари.

Лекарот може да препорача техники или терапии за ослободување од стрес кои можат да ја намалат зачестеноста на кошмарите.

Лекови

Одредени лекови, како што се антидепресиви, бета-блокатори, лекови за висок крвен притисок, Паркинсонова болест, престанок со пушење или АДХД, може да го зголемат ризикот од кошмари.

Злоупотреба на супстанции

Злоупотребата на алкохол или дрога, како и откажување, може да предизвикаат кошмари, особено со употребата на опиоиди кои ги нарушуваат фазите на спиење.

Недостаток на сон

Промените во режимот на спиење, несоницата или лошиот квалитет на сонот може да предизвикаат кошмари.

Јадење пред спиење

Доцните оброци го забрзуваат метаболизмот и ја зголемуваат активноста на мозокот, што може да предизвика кошмари.

Апнеја при спиење

Апнеја при спиење, состојба во која дишењето накратко престанува за време на спиењето, може да го зголеми ризикот од кошмари.

Страшни книги и филмови

Хорор филмовите, книгите или видео игрите пред спиење може да предизвикаат кошмари.

Кога да се оди на лекар?

Контактирајте со вашиот лекар ако имате кошмари кои ви го попречуваат сонот, расположението или секојдневните активности, ако често се појавуваат кошмари или ве плашат да заспиете или ако се појават со нов лек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни