Најчести грешки при туширање: Навики кои ѝ штетат на кожата и здравјето

Иако туширањето е секојдневна рутина за многумина, одредени навики што ги сметаме за здрави всушност можат да ѝ наштетат на кожата и целокупното здравје. Ова се некои од најчестите грешки – и совети како да ги избегнеме:

Пречесто туширање

Ако не сте се испотиле или видливо извалкале, нема потреба од секојдневно туширање. Честото миење ја отстранува природната заштита на кожата – маслата и добрите бактерии – што може да доведе до сушење, чешање и пукање на кожата, преку која полесно навлегуваат штетни бактерии. Дополнително, тоа е и непотребно трошење вода.

Агресивни сапуни

Антибактериските сапуни често уништуваат и добри бактерии, отворајќи простор за појава на отпорни микроорганизми. Изберете благи, хидратантни гелови или сапуни без мириси – особено ако имате екцем или чувствителна кожа.

Влажен пешкир – совршено место за бактерии

Пешкирите треба да се перат барем еднаш неделно, а уште почесто ако сте настинати или просторот е влажен. По употреба, секогаш ширете го пешкирот за да се исуши – во спротивно, тој станува идеално тло за габи и бактерии.

Неодржувана луфа или сунѓер

Луфата треба да се чисти еднаш неделно, потопувајќи ја во раствор со белило, и да се суши на проветрено место – не во влажниот туш. Природната луфа се менува на секои 3–4 недели, а пластичната на 2 месеци.

Претопла вода

Жешките тушеви може да бидат пријатни, но ја сушат кожата и ги оштетуваат природните бариери. Користете млака вода и ограничете го туширањето на 5 до 10 минути – особено ако имате псоријаза, екцем или чувствителна кожа.

Пречесто миење коса

Освен ако немате многу мрсно скалпче, нема потреба од секојдневно миење коса. Особено кај кадрава, сува или хемиски третирана коса, честото миење може дополнително да ја оштети.

Недостиг од безбедносни елементи

Лизгањето во када или туш е чест извор на повреди. Поставете антиклизни подлоги и држачи – не само за повозрасни, туку и за секојдневна сигурност.

Загадена туш-глава

Во малите отвори на туш-главата се задржуваат бактерии, кои се прскаат при секое туширање. Редовно варете ја или пуштајте жешка вода низ неа една минута пред користење.

Сува кожа по туширање

Кремите и лосиони се најефикасни веднаш по туширање, додека кожата е сè уште малку влажна. Нанесете ги во првите неколку минути по бришење со пешкир.

Претерана употреба на сапун

Не е потребно целото тело да се сапуни. Доволно е да ги миете пазувите, нозете, препоните, рацете и лицето, додека остатокот од телото само исплакнете го со вода. Избегнувајте сапуни на интимни делови, бидејќи може да ја нарушат природната флора.

Лош третман на мали рани

Малите ранички не мора да се заштитуваат од вода при туширање. Напротив, нежно миење со благ сапун може да помогне во чистење. Потоа исушете ја раната и нанесете чист завој.

Недостаток од вентилација

Влажниот воздух од туширањето може да предизвика оштетување на ѕидовите и појава на мувла. Секогаш користете вентилатор или отворете прозорец за време и по туширање.

Валкана завеса за туш

На завесата се таложи сапуница и влага – идеална средина за бактерии. Перете ја редовно или заменете ја, особено ако во домот има лица со ослабен имунитет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни