Паметните телефони имаат литиум-јонска батерија, која има голем број на предности, вклучувајќи издржливост и ниски трошоци за производство. Но, овие батерии имаат и некои недостатоци кои се особено забележливи како што минуваат годините и почнуваат да откажуваат.
Имајќи го тоа на ум, експертите за технологија и паметни телефони имаат совет за тоа што треба да избегнувате кога го полните вашиот телефон за да не ги оштетувате батериите уште побрзо.
Не дозволувајте батеријата на вашиот телефон целосно да се испразни. Според експертите, дозволувањето на вашата батерија да падне на нула проценти е една од најштетните работи што можете да ги направите на вашиот телефон токму поради типот на батерии.
„Тоа не е идеално за долгорочното здравје на вашиот мобилен телефон. Литиумските батерии имаат ограничен број циклуси, што значи дека ќелијата може да се испразни и полни само ограничен број пати“, вели Елоиз Тоблер, експерт за паметни телефони.
Исто така, не сакате и вашиот телефон да се преполни бидејќи тоа може да предизвика и штета.
„Не оставајте го мобилниот телефон на полнач преку ноќ додека спиете. Ако го оставите телефонот да се полни непрекинато со часови додека батеријата е на 100 проценти, ја напрегате батеријата изложувајќи ја на повисоки напони подолг временски период“, објаснува Тоблер.
Наместо да чекате до последната секунда за полнење на вашиот телефони, експертите препорачуваат секогаш да имате делумно полнење, што значи да бидете сигурни дека вашата батерија е секогаш помеѓу 20 и 80 проценти.
Освен тоа, за да ви трае подолго батеријата, избегнувајте некои други вообичаени грешки, како што е изложувањето на вашиот уред на екстремни температури.